Ознака: денари

gradinka

Листата за чекање во градинка – пократка

Post Views: 7 Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши. Сега, конечо може да здивнат и родителите и дирекорката на детската установа. Оваа година листата за чекање место за упис во  централниот објект на градинката ќе биде многу пократка. Со години во овој објект родителите бараа место повеќе за прием на нивните деца. Со доградбата на објектот овој проблем ќе биде ублажен, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа, која го финансираше проширувањето на објектот. „Дограмата е поставена сега сме во фаза на чекање да се исуши кошулицата ...

Continue reading

drva

На што ќе се греете вие зимава?

Post Views: 4 Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...

Continue reading

proakva

Платата во МЈП „Проаква“, доцни

Post Views: 4 МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава . „Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените  земаат плата, нас ни остана наследено...

Continue reading

sala

Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти

Post Views: 5 Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти  ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино  ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во  услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.    Оваа...

Continue reading

parkinzi

Паркинзите во Охрид „солени“

Post Views: 0 Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека  ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот.  Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека  зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од  Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко...

Continue reading

Elziabeta Jankulovska

Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“

Post Views: 6 Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи...

Continue reading

mal bazen

Децата желни по школите за пливање

Post Views: 0 Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените...

Continue reading

parkinzi

ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите

Post Views: 0 ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200  паркинг места на атрактивни локации во центарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори,  ЈП наместо да ги работи,...

Continue reading

kalkulacii

Ги брка ли Охрид инвеститорите со високите комуналии?

Post Views: 11 Деновиве ТВМ во континуитет ја обработува темата комуналии за изградба на хотелски објекти, иницирани од неколкуте  донесени одлуки и правилници, што од локалната а што од централната власт за начинот на определување на оваа давачка.Го побаравме ставот од локалната за висината на комуналиите при изградба на хотелски објекти во Охрид. Раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште, Емин Селман беше работно отсутен од градот па не упати за сите нејаснотии што ги имаме во врска со темата да се обратиме кај раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко...

Continue reading

lokalna

Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Post Views: 1 Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои: Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Паноски , доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните , кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат. Нека побара од Владата  на ВМРО- ДПМНЕ , надлежните министерства и државните јавни претпријатија намалување на цените на нивните услуги, на  електричната енергија, телефонот...

Continue reading

bazen

Сака ли Охрид хотелски бренд?

Post Views: 35 Дали ќе дочекаме Охрид да добие брендиран хотел? Години наназад се изнаслушавме за разни инвестициски проекти, што приватни, што од локалната самоуправа, а за волја на вистината и Владата не остана покуса во најавувањето хотелски брендови. Најсвеж приватен проект е „Окото на Охрид“ на локацијата кај ГП „Трудбеник“, за х.Палас се споменуваше хотелскиот конгломерат САС Радисон, од локалната најавуваа холандски инвеститори со спортски комплекс, додека пак Владата шпекулираше со брендот Хилтон. Покрај прашањето колку се инвеститорите заинтересирани за вложување во Охрид,...

Continue reading

kej

Концесионерите без договори со Комуналец

Post Views: 2  Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче. „За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top