Ознака: денари

Бензините поевтинуваат за 6,50, дизелот за девет денари

Post Views: 5 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари. ОД ПОНЕДЕЛНИК...

Continue reading

minimalna_plata

Минималната плата ќе се зголеми на 18 илјади денари

Post Views: 1 Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Бирото за метрологија. Инаку претходно, Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека на 24-ти јануари ќе одржи средба со Владата и на неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, утврдување на правото на регрес во јавниот сектор и за примената на законските одредби...

Continue reading

Ваучери од 1.000 денари за ранливите категории

Post Views: 5 Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари. Истите ќе можат да се употребат за купување на основните производи, истакна на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски. Тоа се ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци, за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основните производи – рече Ковачевски. Освен тоа, ДДВ-то за основните хранителни продукти се намалува од 5% на 0, соопшти Ковачевски. Како што кажа тој мерката се однесува на основните хранителни производи. Основните...

Continue reading

Над 12 милиони денари за реализација на проекти на НУ „Завод и музеј“ Охрид

Post Views: 25 Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски. Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за...

Continue reading

Долгот на Општина Охрид изнесува околу 857 милиони денари

Post Views: 4 Долгот на Општина Охрид во моментов изнесува 856 831 830 денари, обелодени денеска на прес конференција Градоначалникот Кирил Пецаков. Тој со жалење констатира дека она што претходно беше пласирано во јавноста за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа општината ни приближно не соодветствува со реалната состојба. Имено, по финансиската помош на Владата за раздолжување на Општина Охрид долгот изнесувал 530 милиони денари, а согласно физибилити студијата од 5 јули годинава, која беше презентирана пред советниците во Советот на Општина Охрид со цел носење одлука за земање...

Continue reading

Ковачевски: Минимална плата 18.000 денари

Post Views: 9 Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите. Со ова најново покачување на минималната плата, трето по ред во последните 4 години, 80.000 граѓани ќе бидат извлечени над прагот на сиромаштијата. Постигнавме уште една важна согласност, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава за медиумите по повод најновото зголемување на минималната плата, да ги промениме критериумите за методологијата...

Continue reading

Во јуни просечната плата 28.744 денари

Post Views: 8 Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто плата 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто. Зголемувањето кај нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации...

Continue reading

Охриѓанка присвоила 1.182.022 денари од маркетот во кој работела

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л. (32) од Охрид. Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Кривична за вработен во „Национални шуми“ кој предизвикал штета од 15 750 денари

Post Views: 7 СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј. (60) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. Пријавениот, во својство на службено лице во ЈПСДШ „Национални шуми” – подружница ШПС „Галичица” – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако знаел дека биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво. Со тоа, му овозможил на Д.Л., противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво,...

Continue reading

Буџетот на општина Струга тежи 1 милијарда денари

Post Views: 6 Буџетот на општина Струга за 2018 година тежи 1 милијарда денари. Во споредба со 2017 година тој е повисок за 28% . На денешната четврта седница на струшкиот Совет мнозинството го изгласа предлог буџетот за 2018. Во новиот буџет предвидени се 200 000 евра за решавање на проблемот со струшката депонија. А ќе бидат искористени и 200 000 евра од буџетот за 2017 година кои средства ги определи државата за надминување на проблемот со дивата депонија. Градоначалникот Рамиз Мерко оптимист за решавање на проблемот. „Убава вредност на средства со кои ние ќе почнеме еднаш засекогаш...

Continue reading

На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата

Post Views: 5 На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април. Ова е резултат само од оваа антикризна мерка на Владата како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата која е од значителна помош за компаниите кои беа први на удар на кризата и кои ги исполнија условите, односно покажаа загуби со закана за загуба на работни места. Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања...

Continue reading

Просечната плата во мај поголема од 20.000 денари

Post Views: 2 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 20.112 денари што е за 27,9 отсто повеќе во однос истиот месец лани, а просечната бруто-плата била 30.100 денари или 17,5 проценти повеќе. Според Државниот завод за статистика, во мај 2009 година, 3,8 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 5,2 процента помалку во споредба со истиот период минатата година. Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Здравство и социјална работа (46,8 отсто),...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top