Ги брка ли Охрид инвеститорите со високите комуналии?

Деновиве ТВМ во континуитет ја обработува темата комуналии за изградба на хотелски објекти, иницирани од неколкуте  донесени одлуки и правилници, што од локалната а што од централната власт за начинот на определување на оваа давачка.

 |   | 
kalkulacii
kalkulacii

opstinaДеновиве ТВМ во континуитет ја обработува темата комуналии за изградба на хотелски објекти, иницирани од неколкуте  донесени одлуки и правилници, што од локалната а што од централната власт за начинот на определување на оваа давачка.
Го побаравме ставот од локалната за висината на комуналиите при изградба на хотелски објекти во Охрид. Раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште, Емин Селман беше работно отсутен од градот па не упати за сите нејаснотии што ги имаме во врска со темата да се обратиме кај раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов. Арнаудов, иако ненадлежен околу пресметките на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште, сепак ни излезе во пресрет и одговори на дел од нашите прашања.
Како и зошто од локалната дошле до заклучок дека треба да се направат измени во одлуката за утврдување на висина на трошоци за уредување на градежно земјиште и со тие измени основицата за утврдување на висината на комуналии да се определи на 90.000 денари?
Според Арнаудов, ваквата одлука следела на измените што ги направила Владата во правилникот за утврдување на висина на трошоци за уредување на градешно земјиште, односно воведувањето на коефициентот 0,05 за хотелски објекти.

kalkulaciiПреку неколку груби пресметки ни беше објаснето дека порано за хотелски објект во прва зона комуналиите би изнесувале 62% од просечната градежна вредност по м2 утврдена на 17 000 денари и тоа изнесува 10 540 денари. Доколку на оваа сума се примени коефициентот од 0,05 се добива сума на име комуналии од 527 денари. Комуналиите кои ги плаќа инвеститорот се всушност наменски средства кои општината ги користи за уредување на градежното земјиште како на пример обезбедување пристапен пат, улично осветлување, водоводна мрежа, подземна електрична мрежа, трафостаници и слично, што значи општината мора да ги обезбеди тие услови а сето тоа чини пари. Значи владата со донесување на коефициентот од 0,05 всушност и брцнала во есапот на локалната и во средствата кои ги прибира на име комуналии. Советот на општината, токму поради тоа, ја донесол одлуката за зголемување на основицата за определување на комуналии од 17 000 на 90 000 денари.
Па така сега оној коефициент од 0,05  применет на 90.000 денари дава сума од 4 500 денари по м2. што ако се спореди со сумата за хотелски објект од прва зона пред покачувањето  на основицата, која изнезуваше 10 540 денари сепак имаме едно значително намалување на комуналиите. Тоа е денешното објаснување од локалната.

Предходно од Министерството за транспорт и врски излегоа со став дека со одлука на Влада се воведува тој коефициент од 0,05 за хотелски објекти со цел да се амортизира фантастично високата основица што ја утврди советот на општина охрид и да се привлечат големи хотелски брендови да инвестираат и да градат туристички капацитети од високи категории . Од локалната пак, тврдат дека тие ја промениле односно зголемиле основицата токму како резултат на ваквиот чекор на Владата со кој дирекно им се намалуваат приходите од комуналии а кои се потребни затоа што инвеститорот бара соодветни инфраструктурни услови чие обезбедување е на плеќите на  општината .

И додека локалната и централната власт по веќе видено сценарио пак си ја префрлаат одговорноста од едни на други и секој ја брани својата политика, нејаснотиите остануваат. Се поставува прашањето што е постаро јајцето или кокошката. Факт е дека на документите стојат следниве датуми, одлуката на Совет на општина Охрид донесена на 29–ти јуни 2011 а измените во Правилникот за утврдување на висина на комуналии од Министерство за транспорт и врски стои 7-ми јули 2011 година.
nema zoni

Исто така стои фактот дека за изградба на угостителски објекти, хотелски комплекси и одморалишта, хотели, мотели, планинарски и ловен дом, нема веќе зони. Што значи, ако градите хотел на супер атрактивна локација на крајбрежје или ако градите мотел во Лескоец или Косел комуналиите се исти по м2.
Можеби стручните служби во општината точно знаат што како и колку се пресметува, што од каде доаѓа и колку изнесува, но онака како што стои на хартија е конфузно, недоречено и нејасно. Тоа во крајна линија остава можност за различно толкување односно различни аршини за различни инвеститори.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top