Сака ли Охрид хотелски бренд?

Дали ќе дочекаме Охрид да добие брендиран хотел? Години наназад се изнаслушавме за разни инвестициски проекти, што приватни, што од локалната самоуправа, а за волја на вистината и Владата не остана покуса во најавувањето хотелски брендови.

 |   | 
bazen
bazen

luxury hotelДали ќе дочекаме Охрид да добие брендиран хотел? Години наназад се изнаслушавме за разни инвестициски проекти, што приватни, што од локалната самоуправа, а за волја на вистината и Владата не остана покуса во најавувањето хотелски брендови. Најсвеж приватен проект е „Окото на Охрид“ на локацијата кај ГП „Трудбеник“, за х.Палас се споменуваше хотелскиот конгломерат САС Радисон, од локалната најавуваа холандски инвеститори со спортски комплекс, додека пак Владата шпекулираше со брендот Хилтон. Покрај прашањето колку се инвеститорите заинтересирани за вложување во Охрид, се поставува уште едно, колку ние им излегуваме во пресрет, односно колку општината им обезбедува поволни услови на инвеститорите?
Дел од трошокот кој инвеститорот треба да го плати на општината при изградба на хотел, а кој не е за занемарување, е и надоместокот за уредување на градежно земјиште,популарно наречен комуналии. Висината на овој надоместок  ја утврдува Советот на општината.
На 13-ти ноември 2007 година, Советот на општина Охрид одлучил дека висината на надоместокот или комуналиите се утврдува во зависност од видот на објектот кој се гради и зоната, односно локацијата, и се утврдува како процентуално учество во основицата од 17.000 денари градежна вредност на 1 м2.
Па така, ако градите колективна станбена зграда во прва зона, комуналиите изнесуваат 30% од 17 000 ден(утврдената просечна градежна вредност за м2), односно 5 100 ден по м2.

Посебна точка  се однесува на хотелски објекти и управни згради, каде јасно е утврден процентот од основицата за комуналии, во зависност од локацијата односно зоната. На тој начин се одредуваше висината на комуналиите се до 35-та седница на охридскиот Совет, одржана на 29-ти јуни минатата година, кога беа направени измени кои конкретно се однесуваа  само на хотелските објекти. Имено, по барање на градоначалникот, на дневен ред беше вметната точка за измена на висината на оваа давачка, која инвеститорите ја уплаќаат во општинската каса. 22 од 23 советници гласаа „за“ Предлог-одлуката да биде ставена на дневен ред и измените беа усвоени. Што всушност беше променето?

clen 5

Основата од 17 000 денари веќе не важи за угостителски објекти, хотелски комплекси и одморалишта, хотели, мотели, планинарски и ловен дом. Понатаму, се брише зборот хотелски објекти од точката со која беа уредени процентите на комуналиите од основицата во зависност од зоната на градење, т.е локацијата. За на крај, да  се додаде уште една, последна точка, каде се наведува дека за угостителски објекти, хотелски комплекси и одморалишта, хотели, мотели, планинарски и ловен дом, основата за утврдување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште изнесува 90 000 денари односно 1 500 евра.  Нема проценти, нема зони, нема објаснување дали сумата е за комуналии за м2 или нешто друго, ниту пак како е дојдено до неа.
Дали  висината на надоместокот ќе биде иста за хотел изграден на атрактивна локација на крајбрежје и хотел на излезот од Охрид, на пример во месноста Чекоштина. Дали ќе се земе ист аршин за сите? Според оваа Одлука, излегува дека  воопшто не е важна зоната односно локацијата каде ќе се гради хотелскиот објект, а да не зборуваме за висината на сумата без оглед дали е за м2 комуналии или основица за пресметка на комуналии.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top