Ознака: две

Tose Cocoroski

Нова категоризација на хотелските капацитети

Post Views: 7 Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели дека...

Continue reading

Димче Шапкарески

Велгоштани на протест

Post Views: 9 Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот...

Continue reading

kanal

Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Post Views: 2 Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки. „Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол...

Continue reading

izlozba

Артерија ја донесе „Невидлива Софија“ во Охрид

Post Views: 7 „Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои  се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“. Ова е трето поставување на изложбата „Невидлива Софија“. Истата најпрво била презентирана на неделата за архитектура во Софија – Бугарија, за подоцна истата да биде поставена и во Културно информативниот центар во Скопје. „ Ова е заедничко истражување, проект...

Continue reading

tomografija

Положен тестот на хуманоста

Post Views: 1 Др. Атанаско Михаилов и Др. Зоран Велјаноски во договор помеѓу нив го направија прегледот, кој и беше неопходен на Јасмина Борисова. Во средата во дневникот на ТВМ, Јасмина Борисова, самохрана мајка на две малолетни деца, преку нашиот медиум се обрати за помош до здравствените институции во градов, за преглед на главата со магнетна резонанца. Нејзиниот апел очигледно предизвика експресна реакција. Во Дијагностичкиот центар – Охрид, направена е магнетна резонанца врз нејзината глава, што беше неопходен преглед за нејзино понатамошно лекувањe. „Сме помагале и ќе помагаме...

Continue reading

Sv Naum

Дали конечно се најде решение за отпадните води на потегот Градиште-Св.Наум?

Post Views: 7 Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.„Заедно со Проаква...

Continue reading

bilbord

„ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ“

Post Views: 4 Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид. “Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој. Крач ја...

Continue reading

drvo na tolerancijata

И во Охрид засадено „Дрвото на толеранција“

Post Views: 4 Уште една акција за поттикнување на меѓукултурниот дијалог. Сега со интересен наслов, „Да засадиме дрво на толеранцијата“. Оваа акција се спроведува по повод 16ти Ноември, Меѓународниот ден на толеранција. Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување! „Точно напладне, во 12 часот, денес младите ќе засадат дрво на толеранција на која иницијатива Младински совет исто така се приклучи, подржувајќи го проектот кој веќе две години го спроведува...

Continue reading

lakocerej

Започна изградбата на фекалната и водоводната канализација во Горно и Долно Лакочереј

Post Views: 5 Во Горно и Долно Лакочереј започна да се решава еден горлив проблем за жителите од овие две месни заедници. Со стартување на проектот  поставување на фекална канализација, вели претседателот на МЗ од Горно Лакочереј, Климе Тренески ќе се ослободиме од септичките јами.  „Во 21 век не може населението д а живее без каналзиација. Со решавање на канализациониот одвод и приклучокот на колекторскиот ситем, септичкитејами  нема повеќе да ја загадуваат   Коселска река која пак завршува во Охридското езеро, вели Тренески.Паралелно со овој зафат ќе се решава уште еден посериозен...

Continue reading

sudenje

Нов адвокат ќе го брани Кристијан Шапкар

Post Views: 16 Уште еднаш одложено судското рочиште за глисерската несреќа во која пред повеќе од две години, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. После најавите на последното одржано рочиште од страна на адвокатите на семејството Муцунски, дека со користење на сите правни инструменти ќе се обезбеди присуство на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност, првобвинетиот денес се појави во судницата. Но сепак судскиот претрес и повторно не се одржа, а не дојде ни до сослушување на сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана Шапкар. Причина,...

Continue reading

teatar

Континуиран репертоар

Post Views: 8 Тоа е стратегијата на Охридски народен театар за перодиот кој претстои, вели Горан Стојаноски, првиот човек на оваа неодамна формирана културна установа. Последниве неколку саботи, покажуваат дека интересот за театарот во градов, не се намалува, туку напротив добива на интензитет. Наскоро пред гладната за театар охридска публика, од театарот најавуваат уште две премиери. Едната ќе биде изненадување за најмладите.„Нашата стратегија е следна, ние нема да гостуваме зошто нема фестивали во Македонија до крајот на годината, но подготвуваме уште две претстави, едната претстава...

Continue reading

biseri

Лажни бисери

Post Views: 23 Изработката на Охридскиот бисер од далечната 1924 година па до денес останува најчувана охридска тајна. Не само вештината во изработување туку и убавината на вистинскиот охридски бисер досега успеал да воодушеви илјадници луѓе од целиот свет. Несомнено квалитетот умее да привлече најмногу внимание, но не само најмногу туку и најдалеку. Дури и далечната Австралија дозна за Охридскиот бисер и стави прекрасен крај на романтичната приказна за двајца вљубени. Среќниот свекор тргна на далечен пат. „Просто не можев да поверувам дека човек кој ќе го жени својот син, кој живее...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top