Ознака: град

Genova

Инцидент во Џенова

Post Views: 7 Најмалку три лица загинаа, а шестмина се ранети во судар на брод во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова. Судбината на седум лица се уште не е позната.Двајца од загинатите се вработени во пристаништето, а третиот е еден од капетаните. Според локален весник во несреќата загинале двајца мажи и една жена.Огромната, над 50 метри висока кула, е разурната од сударот. Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното.Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби...

Continue reading

Подигната рампата за влез и излез во стар град пред Горна Порта

Post Views: 9 Подигната е рампата за влез и излез во Стар град пред Горна Порта. Непречен е влезот за возилата во овој дел од градот за родителите да ги носат во училиште децата од 1 до 3 одделение кои посетуваат настава со физичко присуство. Рампата е подигната од пред неколку недели, од кога почна школската година, кажува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. „По барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски се подигаат рампите од понеделник до петок, од 7 до 14 часот за да можат родителите непречено да ги носат...

Continue reading

erusalim

Католиците го слават Велики Петок

Post Views: 3 Огромен број христијани од католичка вероисповест го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја. Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок. Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос. {loadposition content9}  

Continue reading

logo

Започна самитот на новите економски џинови-БРИКС

Post Views: 3 Во јужнафриканскиот град Дурбан денеска почнува петата средба на високо ниво на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), пренесоа руските медиуми. За време на дводневниот форум, освен општите дискусии меѓу лидерите на петте држави, ќе има и серија билатерални средби. Гостин на форумот ќе биде претседателот на Египет, Мухамед Морси, кој ќе се сретне со Владимир Путин. Се очекува од политичките теми, што ќе се разгледаат на средбата на врвот, да доминираат конфликтот во Сирија, проблемите на Блискиот исток и иранската нуклеарна програма. Се...

Continue reading

karta

Нов земјотрес во Чиле

Post Views: 4 Силниот земјотрес се случил 102 километри од рударскиот град Копијапо, светски познато место по спасување на рударите од 2010 година. Жената, која имала 50-тина години, добила инфаркт во текот на земјотресот и починала. Потресот предизвикал помали материјални штети, а информации за други жртви нема. Потресот траел подолго од една минута и предизвикал паника меѓу населението. Луѓето истрчале на улиците во градот Атакама стравувајќи до цунами. {loadposition content9}

Continue reading

Охрид е најскап град според разликите на цени на производите во малопродажба во земјава

Post Views: 2   Разликите на цени на производите во малопродажба го прават Охрид најскап град во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Големи се разликите кај цените во малопродажба низ државата. Цените на производите во малопродажба за исти производи со иста грамажа имаат различни цени низ градовите во земјава. Според податоците на заводот, многу од продуктите се поскапи во Охрид за разлика во останатите македонски градови. Разликите кај одредени производи достигнуваат и до 100 денари по килограм. Тоа зависи од производот и локацијата каде што се набавуваат. Еден...

Continue reading

ТВМ со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“

Post Views: 1 ТВМ телевизија изминатиот период со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град”. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма. Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери. Со овие промотивни активности, сакаме да ја анимираме и помладата популација, во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Избравме...

Continue reading

zvezda od sveki

Во Лисабон од 50 илјади свеќи направена најголемата ѕвезда на светот

Post Views: 8 Главниот град на Португалија од синоќа го осветлува светлината на илјадници свеќи споени во голема ѕвезда на плоштадот Тереиро до Пако, пренсуваат британските медиуми. Една свеќа од ѕвездата чини едно евро и целиот приход оди за децата и возрасни заболени од хронични болести.Собирањето на пари за оваа цел го организирала непрофитната организација “Земја на соништата“, а една од членките Ана Фернандез изјавила: “Нашата цел е да се соберат што повеќе пари за институциите кои се занимаваат со остварување на детските соништа кои се во болница. Идејата е да се направи најголемата...

Continue reading

viena

Виена повторно на прво место по квалитетот на живот

Post Views: 11 Интернационалната компанија “Меркер“ и оваа година највисока оценка за квалитетот на животот му даде на главниот град на Австрија, пред Цирих. Од вкупно 221 оценети градови, на последно место и овој пат се најде Багдад.“Разликата меѓу првите триесет градови на листата е минимална, но, сепак, во многу области Виена нуди многу повеќе отколку другите градови“, вели директорот на “Меркер Аустриа“, Јозеф Папузек. Виена има предности на пример, во однос на јавниот превоз, квалитетот на домувањето како и големата понуда на ресторани. Меѓу првите десет на листата се наоѓаат:...

Continue reading

Лудило во Лисабон

Post Views: 3   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн Минхен.Реал...

Continue reading

studentka

Универзитетски стипендии за девици

Post Views: 2 Челниците на еден град во Сиера Леоне нудат петтогодишна стипендија на девојките кои ќе ветат дека ќе ја сочуваат својата невиност до крајот на универзитетските студии.Целта на оваа необична одлука е да се намали бројот на тинејџерската бременост, истакна еден од челнеиците на јужниот град Бо, додавајќи дека тим од женски лекари е задолжен да ја потврди невиноста на кандидатките. Акцијата, меѓуота, наиде на критики од одреден број родители, како и од оранизацијата за заштита на женските и граѓанските права кои сметаат дека со тоа се кршат човечките права на девојките...

Continue reading

london

Главен град на светот е Лондон

Post Views: 4 Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top