Во Лисабон од 50 илјади свеќи направена најголемата ѕвезда на светот

Главниот град на Португалија од синоќа го осветлува светлината на илјадници свеќи споени во голема ѕвезда на плоштадот Тереиро до Пако, пренсуваат британските медиуми.

 |   | 
zvezda od sveki
ѕвезда од свеќи

Главниот град на Португалија од синоќа го осветлува светлината на илјадници свеќи споени во голема ѕвезда на плоштадот Тереиро до Пако, пренсуваат британските медиуми. Една свеќа од ѕвездата чини едно евро и целиот приход оди за децата и возрасни заболени од хронични болести.
zvezda od sveki
Собирањето на пари за оваа цел го организирала непрофитната организација “Земја на соништата“, а една од членките Ана Фернандез изјавила: “Нашата цел е да се соберат што повеќе пари за институциите кои се занимаваат со остварување на детските соништа кои се во болница. Идејата е да се направи најголемата светлосна ѕвезда на светот“.
zvezda od sveki
Во Здружението се надеваат и дека оваа ѕвезда ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Ѕвездите ги составиле волонтери кои со часови ги составувале свеќите во ѕвездата.

zvezda od sveki

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top