Ознака: град

Убава фотографија од Охрид во склоп на „Ти си твојот град“

Post Views: 14 Во склоп на проектот „Ти си твојот град“ до нашата редакција пристигна прекрасна фотографија од центарот на Охрид. Под фотографијата нашиот сограѓанин напиша „Александар Охридски“… Да потсетиме, сите оние лица кои испраќаат фотографии или видеа за „Ти си твојот град“ стануваат потенцијални добитници на подарок или ваучер од нашите пријатели. Сликај, сними, испрати на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.com или прати ни во порака на страниците на ТВМ Телевизија на фејсбук или инстаграм. Откако вашата фотографија ќе биде објавена со текст на нашиот веб-сајт, линкот...

Continue reading

Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19

Post Views: 0 Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата. Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет. Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер БиоНтек, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио” откако ќе се вакцинира...

Continue reading

Ти Си Твојот Град

Post Views: 1 Биди и ти дел од ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД – рубрика преку која заедно со граѓаните ќе ги лоцираме и адресираме до надлежните сите проблеми, лоши практики и однесување во секој дел од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, а воедно ќе оддадеме признание и пофалба на добрите, позитивните, корисните, креативните примери од сите сфери на општествено живеење во заедницата. Имате можност да се вклучите на два начини: Пријави, одговори, вклучи се  – Преку пополнување на општи или тематски прашалници, пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите,...

Continue reading

Спутник е новиот град кој ќе се изгради во Русија

Post Views: 3 Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток. Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата. Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина. Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300.000 луѓе. Спутник, кој од руски превод значи „сателит“ е името на првиот вештачки сателит на Земјата,...

Continue reading

Потопен кинески град во кој живеат над 10 милиони луѓе, најмалку 12 мртви

Post Views: 7 Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени. Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе. „Ваков вид врнежи од дожд обично се забележува еднаш во 100 години. Ситуацијата е мрачна”, се вели во соопштението...

Continue reading

Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга

Post Views: 17 Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга. Денес во оваа општина беше конституиран градскиот Совет. Верификациската комисија на сите 27 советници им ги врачи мандатите врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија. За новоизбраниот претседател на Советот Каба, доверената функција е можност да придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината. Каба потенцира дека ќе работи во согласност со правилата и деловникот и со целиот свој капацитет за подобар живот на граѓаните на општина Струга, без разлика на политичката, верска,...

Continue reading

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид

Post Views: 20 Живка Ангелоска од коалицијата предводена од СДСМ, е новиот претседател на совет. Ангелеска беше изгласана за прв човек на советот со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Ангелоска им се заблагодари на сите потенцирајќи дека ќе работи во интерес и на советниците кои и ја дадоа довербата, а и оние кои се воздржаа од гласање. Посака овој состав на совет да има плодна рабопта, а од говорницата да се слуснат многу конструктивни...

Continue reading

Десет места кои не смеат да се видат на мапите на Google

Post Views: 1 Иако мапите на Google се смислени за да ги приближат убавините на светот на луѓето, сепак постојат некои места кои не можете да ги видите. Кралската палата во Амстердам, Холандија. Таа е само една од многуте градби во сопственост на холандската кралска фамилија која е замаглена на Google. Меѓународниот аеродром Buffalo Niagara. Овој аеродром е видлив ако не е зумиран, а тогаш ќе забележите дека е избелен и не можат да се видат детали. Нациналниот парк Tantauco, Чиле. Овој национален парк може да се види само како црвен знак на снимката. Тој приватен природен резерват...

Continue reading

ambulanta uvo nos grlo

Стружани во Охрид на преглед за уво

Post Views: 0 Нова амбуланта, стара апаратура, ваква е состојбата во амбулантата уво, грло, нос при општата болница во Струга. Иако просторијата каде се наоѓа овој оддел е релативно нова, сепак проблем е апаратурата. Покрај тоа што опремата  датира од пред 20-тина  години, недостасуваат и други апарати за дијагностика. Пациентите реагираат дека за испитување на слухот треба да одат во Охрид, бидејќи во Струга нема аудиометар и тимпонометар. „Со тоа што ги немаме овие апарати, на прво место со самото упатување на пациентита на анализи во Охрид, ја губиме нивната трага“- велат докторите....

Continue reading

Берлин, прв град кој добил свој домејн

Post Views: 3 Берлин стана прв град во светот кој има сопствен домејн, па компаниите и поединците во престолнината на Германија сега можат да регистрираат интернет адреса која ќе се завршува со .berlin, покрај досегашните .com, .org или .de. Веб страница со адреса која завршува со .berlin ќе чини 50 евра годишно, пренесува AFP. Градоначалникот на Берлин, Клаус Воврајт, на претставувањето на новиот домејн рекол дека тоа дава можност дигитално да се истакне дека Берлин е место каде некој живее или ги базира своите работни активности. Претставникот на компанијата „.berlin” Дирк Крискеновски...

Continue reading

Зграда „Бело Дрво“

Post Views: 10 Француските и јапонските архитекти планираат да направат „Бело Дрво“ насред Монпеље во Франција, а се работи за станбена зграда на која терасите и тендите ќе излегуваат од ѕидовите како гранки од дрво. На врвот од зградата ќе има penthouse бар со прекрасен видик на морето и планините околу, уметничка галерија и ресторан. На граѓаните ќе им бидат понудени 120 различни станови. Следната година е рокот кога овој француски град ќе го краси зградата Бело Дрво.

Continue reading

Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на Рибарски алманах

Post Views: 10 Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност. Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот Архив, Д-р Емил Крстески. В.Д....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top