Универзитетски стипендии за девици

Челниците на еден град во Сиера Леоне нудат петтогодишна стипендија на девојките кои ќе ветат дека ќе ја сочуваат својата невиност до крајот на универзитетските студии.

 |   | 
studentka
studentka

Челниците на еден град во Сиера Леоне нудат петтогодишна стипендија на девојките кои ќе ветат дека ќе ја сочуваат својата невиност до крајот на универзитетските студии.
Целта на оваа необична одлука е да се намали бројот на тинејџерската бременост, истакна еден од челнеиците на јужниот град Бо, додавајќи дека тим од женски лекари е задолжен да ја потврди невиноста на кандидатките.

Акцијата, меѓуота, наиде на критики од одреден број родители, како и од оранизацијата за заштита на женските и граѓанските права кои сметаат дека со тоа се кршат човечките права на девојките и дека тоа не е вистинскиот начин да се сврти вниманието на пробемот на тинејџерската бременост.

– Освен што ќе биде искоренет проблемот со малолетничката бременост,  со оваа метода ќе се зголеми и бројот на образовани жени во земјата – нагласуваат градските власти. Тие се убедени дека, доколку акцијата се покаже успешна, нивниот пример ќе го следат и другите градови.
До оваа одлука, управата на градот Бо дошла по извештајот за загрижувачкиот број на тинејџерски бремености и абортуси. Од јануари до семптември годинава се забележани 500 случаи на бременост меѓу малаолетнички само во една област.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top