Подигната рампата за влез и излез во стар град пред Горна Порта

Непречениот влез во овој дел од  градот е овозможен по барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски за учениците кои посетуваат настава со физичко присуство.  Од  ЈП Билјанини извори велат дека рампата ќе биде подигната во одреден временски период во текот на неделата додека трае ситуацијата со ковид 19.  

 |  Валентина Неловска  | 

Подигната е рампата за влез и излез во Стар град пред Горна Порта. Непречен е влезот за возилата во овој дел од градот за родителите да ги носат во училиште децата од 1 до 3 одделение кои посетуваат настава со физичко присуство. Рампата е подигната од пред неколку недели, од кога почна школската година, кажува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот.

„По барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски се подигаат рампите од понеделник до петок, од 7 до 14 часот за да можат родителите непречено да ги носат и земаат децата од училиште“.

Рампата ќе биде подигната за непречен влез и излез кај Горна Порта се додека не се нормализира ситуцијата со ковид 19. Со овој потег сакаме да помогнеме учениците да стигнуваат навреме на час во претстојниот зимски период, кога ќе има дожд и снег, за да нема потешкотии во одвивање на сообраќајот. Од ЈП напоменуваат дека многу често се соочуваат токму оваа рампа пред Горна Порта да биде мета на оштетување. Најавуваат санкции и пријави за сторителите  до СВР Охрид.

„Оваа рампа е на удар на одредени луѓе кои се противат. Често се случуваaт вакви кршења. На камера се гледаат и знаеме кои се, досега не преземавме ништо, но нема повеќе толеранција“.

Едно оштетување на летвичка од рампата чини 3000 денари, а скоро секој втор ден има вакви оштетувања на рампите. На останатите делови не се забележуваат намерни оштетувања на поставени рампи кои го регулираат влезот и излезот во стариот дел и строгиот центар на градот.

Инаку, возилата во Стар грaд и центарот на градот можат непречено да сообраќаат само доколку ги имаа регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид и поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top