Ознака: градов

Alce

За Охрид нема зима

Post Views: 5 Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека добро се справуваат со снегот, бидејќи набавката на машините за чистење на снег како и количини абразив што ги предвиделе за сезонава, биле оправдани. Досега на охридските улици се фрлени преку 180 метри кубни песок и околу 50 метри кубни сол. „Не штедевме на средства и на човечки ресурси за граѓаните на Охрид да добијат адекватна услуга“, потенцира Алче. Улиците се третирале дури и кога не врнело снег, поради голомразицата, додава директорот. Само овој период потрошени се милион и двеста илјади денари за нафта, поточно трипати...

Continue reading

parking

Паркинзите набрзо на тендер

Post Views: 9 Најпрофитабилните паркинзи во градов наскоро на тендер. Истекува рокот на компанијата „Сузуки“, која веќе седум години го собираше медот од наплата за паркинг место како концесионер на најголемите паркиралишта во Охрид. Деновиве се очекува повик за нов концесионер на паркинзите во општинава. Дали тоа ќе го направи Локалната или ЈП „Билјанини извори“, воопшто не е важно бидејќи целта е една, што повеќе пари да се слеат во касата на ЈП, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Но и овој пат паркинзите му бегаат од рака на ЈП „Билјанини извори“.„Јас сметам дека...

Continue reading

sovet za bezbednost

Се е добро АМА кога добро ќе се заврши

Post Views: 8 Од суровата реалност поврзана со инцидентите не тргна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче. Тој ги повика камерите да бидат подготвени уште вечерва и да го регистрираат ефектот на комплет поставените светлечки реквизити.Димитар Пендо, претставникот на угостителскиот еснаф, вели дека се спремни за пречек на гостите кои ќе го посетат Охрид. Тој додава дека добро би било до година акцент да се стави и на католичкиот Божиќ, бидејќи и тој верски празник привлекува големемо внимание кај туристите.Да се надеваме дека теоретските претпоставки на надлежните и во пракса...

Continue reading

drvored isecen

Започна преуредувањето на дрворедите во градов

Post Views: 0 Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дрворедите низ градов. Станува збор за реализација на иницијативата на Локалната самоуправа од Охрид, со која старите неколку децениски стебла ќе бидат заменети со нови садници со што во голема мерка ќе се подобри сликата на градското зеленило. Причини поради кои од Локалната го започнаа овој проект се разните деформации на јавните површини, причинето од страна на големите стари стебла, како и  проблемите предизвикани од нивните корени на водоводно канализационата мрежа во градот. На реализацијата на проектот му...

Continue reading

sanacija na ucilishta

17 милиони денари за реконструкција и санација на охридските училишта

Post Views: 11 Нова дограма, подови, огради, водоводни инсталации и спортски пропратни објекти за неколку основни и средни училишта во градов. Привршуваат големите зафати на уредување, санација и реконструкција на општинските училишта во градов и околината, кои ги спроведува Општина Охрид, со свои средства. Серафим Наумовски, раководител на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, вели дека овие обемни инвестициони зафати се спроведуваат со цел  подобрување на условите за работа на учениците. „Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село...

Continue reading

pres kontenjer

Изменет начинот на управување со комуналниот отпад

Post Views: 8 Прес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери. Со цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени...

Continue reading

muzej na voda

Културен, здравствен или каков туризам имаме?

Post Views: 3 На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни...

Continue reading

izduvni gasovi

Хронично труење

Post Views: 5 Штетното влијание на издувните гасови, голем проблем и во Охрид. На оваа тема денес во просториите на Црвениот Крст, се одржа трибина во присуство на претставници од повеќе институции. Седми април светскиот ден на здравството не случајно беше избран како најпогоден термин за почеток на кампањата, која што ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, смета претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, и додаде дека комплетно ја имаат нивната поддршка. Подигањето на свеста кај населението од штетноста која што се случува заради движењето на...

Continue reading

kej

И повторно….за урбаната опрема

Post Views: 7 Повторно големи ветувања за решавање на проблемот со поставување на урбаната опрема во градов за претстојната летна туристичка сезона. Минатата година, иако беше донесен Правилник за поставување на урбана опрема, изгласан од охридските советници, а поделбата на локации се одвиваше за прв пат преку лицитација, сепак, по охридската чаршија, кејот и шеталиштето се тргуваше на големо, се тргуваше нелегално. На последната одржана седница на Советот, одржана на крајот на месец февруари годинава, беше донесена годишната програма за поставување урбана опрема, а овој пат и првиот...

Continue reading

Недостиг на спортски објекти во Охрид

Post Views: 0 И оној мал број на деца кои го сакаат спортот, немаат каде да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Спортот во нашиов град е ставен на маргините на опстојувањето. Во време кога нашата младина најголем дел од своето време го минува пред компјутер, ние се соочуваме со недостиг на спортски објекти. Дури и оние деца кои го сакаат спортот, поради тој недостиг, не можат да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Од моментот...

Continue reading

Plakati

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Post Views: 0 Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив. Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската...

Continue reading

Ukraseno za NG

Сработеното на дело

Post Views: 0 Јавните површини и дел од парковите во центрелното градско подрачје во Охрид, веќе блеснаа во новогодишен сјај. Најавите дека годинава градов  скромно ќе се украси за среќа не се реализираа бидејќи градот свети од сите страни. Со право може да се каже дека плоштадот и централното градско подрачје личат на оние во светските метрополи и големите развиени туристички центри. Светлечките црева за декорирање на јавни површини преплетени се во разни бои и од нив направени се интересни мотиви на кои навистина ретко кој останува рамнодушен. Импресиите се најизразени кај децата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top