Недостиг на спортски објекти во Охрид

Крилата на охридскиот спорт се кратат уште пред тој да полета. Се соочуваме со недостиг на спортски објекти во градов.

 |  МишелНаумоски  | 

И оној мал број на деца кои го сакаат спортот, немаат каде да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав.


Спортот во нашиов град е ставен на маргините на опстојувањето. Во време кога нашата младина најголем дел од своето време го минува пред компјутер, ние се соочуваме со недостиг на спортски објекти. Дури и оние деца кои го сакаат спортот, поради тој недостиг, не можат да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Од моментот кога УЕФА ги донираше средствата за негова изградба, па до денес може да се види како забот на времето го подјадува овој објект. Одржувањето на истиот е обврска на ОУ Григор Прличев, но директорот Ставрески ни рече дека тие едноставно не располагаат со доволен број на хигиеничари за да можат вистински да се грижат за објектот. Сепак превзеле иницијатива за негово заживување.
Од локалната добивме информација дека вакви спортски терени ќе бидат изградени во повеќе училишта. Терените кај ОУ Григор Прличев биле само дел од овој проект, но кога ќе биде започната нивната изградба зависело од финансиите кои ќе се обезбедат за таа намена. Ги запрашавме децата кои ги најдовме токму на споменатото игралиште дали доаѓаат често на овој терен за да спортуваат.

И додека најголемите спортски легенди се раѓале на улични и локални игралишта насекаде низ светот, нашите деца речиси да немаат таква можност. Спортските терени се првата и најважна алка во развивањето на натпреварувачкиот дух но пред се, здравјето на децата.

Очигледно е дека состојбата во која се наоѓа пливањето не е изолиран случај. Состојбата со сите останати спортови е очајна. Доколку сакаме спортот да се развива и да се движи напред, тогаш сосема сигурно изградбата на што е можно повеќе спортски терени е витална.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top