Ознака: градов

carsija

Туризам или авантуризам

Post Views: 2  Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби...

Continue reading

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

znak

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Post Views: 7 Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција. –Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец -Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка -За да стигнам до дома влегувам во една...

Continue reading

plostad

Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов

Post Views: 2 Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период. Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница....

Continue reading

javna ceshma

Секое задоволство чини пари или?

Post Views: 0 Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа. „Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и...

Continue reading

logo

ОСУ „Ванчо Питошески“ подготвено за своите идни ученици

Post Views: 4 Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште. „Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам...

Continue reading

tekwondo deca

Започна Охрид Опен 2012

Post Views: 0 Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот...

Continue reading

jadenje

Патот до срцето води преку желудникот

Post Views: 6 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во  четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења. За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек  со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...

Continue reading

novo zdruzenie

Многу хумани гестови за Велигден

Post Views: 2 Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден. Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува добриот...

Continue reading

kuca

Минатото оживува

Post Views: 2 Објектите градени помеѓу двете светски војни, нова атракција за туристите. Завод и музеј заедно со факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје скенираа 16 куќи во градов за кои ќе се изготви документација, а потоа ќе се изработи елаборат за нивна валоризација. Со овој проект ќе се донесат поединечни решенија за секој објект и ќе се одлучи каква ќе биде нивната понатамошна намена.Тања Паскали Бунташеска, директора на Завод и музеј вели дека сопственцте ќе имаат одредени поволости и ќе може да конкуаат за добивањефинансики средства за нивна конзервација...

Continue reading

naum rilkoski

Средношколските екскурзии актуелни

Post Views: 17 Средношколците од Свети Климент Охридски во една учебна година дватпати на екскурзија. Оваа информацја малку ја збуни јавноста, па директорот Наум Рилкоски објаснува за што станува збор. Тој вели дека нема два пати да се оди на екскурзија затоа што есента таа била реализирана со учениците од трета година, а пролетва таа ќе се реализира со учениците од втора година. Ова било одлучено поради тоа што во трета година се мешаат паралелките и поради тоа што во втора година децата се подисциплинирани. Ова нема да биде исклучок туку од наредната учебна година ќе стане пракса....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top