Ознака: градов

avtobuska postojka

Конечно ќе се уредат автобуските постојки во градов

Post Views: 1 Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени сме и на дожд и на снег, а и на сонце, категорични се граѓаните. Од Локалната уште пред една година распишаа тендер за  уредување на автобуските постојки, но тој беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Но, од таму најавуваат дека за брзо време ќе се реши овој проблем. Планирано е да има 30 постојки...

Continue reading

охрид

новите вработувања,трн во око

Post Views: 5 Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ  се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање. Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите,...

Continue reading

zabrana za pusenje

Законот за забрана на пушењето на јавни места не се почитува

Post Views: 4 Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38...

Continue reading

fotografii

Охрид низ времето

Post Views: 2 Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци. Промоторот Зоран Велјаноски Летра...

Continue reading

Nova godina

Охриѓани и гостите Новата Година ќе ја чекаат на Градскиот плоштад

Post Views: 2 Забавата која ќе започне во 22.00 часот традиционално е во оранизација на локалната самоуправа.   „ Официјално програмата ќе започне во 22.00 со настап на Ѓоко Танески, во 22.30 ќе настапи групата Камелеон во 23.00 настапува младиот Петар Маркоски од Охрид во 23.30 Аренси бенд. Точно на полноќ  на дочекот на Новата ќе пее Ристо Самерџиев. „Во 00 или во 12.00 часот се обраќа градоначалникот бидејќи откако е прв човек на градот е на гарадскиот плоштад со граѓаните и гостите кои се тука, точно на полноќ се обраќа, а секогаш после него настапува еден од изведувачите, а овој...

Continue reading

svr

Охридските училишта безбедни

Post Views: 8 Безбедносната состојба во средните и основните училишта во градов, задоволителна, велат од СВР Охрид. Податоците покажуваат дека бројот на инцидентите споредбено со 2009 е намален за неколку пати. Само за пример во 2009 имало 16 инциденти, а во 2012, 7. Најчесто станува збор за ветрбални навредувања кои подоцна прераснуваат во физички напади и тепачки. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид вели дека радува фактот што при тепачките не се користи оружје или некои опасни предмети. Подобрувањето на безбедносната состојба во училиштата се должи на спроведувањето на неколку...

Continue reading

blato

Заштити го блатото-сочувај го златото

Post Views: 0   Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од денес. Со проектот предвидено е да  се постават границите на блатото и да започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото. Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од каде...

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

most

Уште едно собиралиште на наркозависници

Post Views: 15   Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули. Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку...

Continue reading

muzicko

Дали во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Post Views: 2 Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование. Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска вели...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда

Post Views: 1   На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото. Планирано е во овој природен резерват...

Continue reading

konmcert

Дали Охрид ќе си го добие својот локален културен бренд?

Post Views: 5 Во Охрид нема културна манифестација која целосно е под капата на Локалната самоуправа и која е  препознатлив бренд за градов. Иако, посебно во летниот период секојдневно се случуваат некакви фестивали, било фолклорни или забавни, а за вистина на волјата не е мал бројот и на концертите на разноразни пеачи од секаков калибар, на градов преку му е потребна една манифестација која ќе го отсликува Охрид и неговото градско пулсирање.  Секоја чест и респект кон полувековното постоење на фестивалот Охридско лето и Балканскиот фестивал, но тие се финансирани од страна на државата....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top