Започна преуредувањето на дрворедите во градов

Неколку децении старите стебла на липа, ќе бидат заменети со ЛИГУСТРУМ ЈАПОНИКУМ или јапонски цреши.

 |  Крсте Голабоски  | 
drvored isecen
drvored isecen

drvored isecenЗапочна реализацијата на проектот за реконструкција на дрворедите низ градов. Станува збор за реализација на иницијативата на Локалната самоуправа од Охрид, со која старите неколку децениски стебла ќе бидат заменети со нови садници со што во голема мерка ќе се подобри сликата на градското зеленило. Причини поради кои од Локалната го започнаа овој проект се разните деформации на јавните површини, причинето од страна на големите стари стебла, како и  проблемите предизвикани од нивните корени на водоводно канализационата мрежа во градот.

drvored isecenНа реализацијата на проектот му претходеше и јавна расправа за екологијата и преземањето на конкретни чекори за подобрување на состојбата во градот со зеленилото на која присуствуваа експерти од охридските еколошки друштва. Од локалната информираа дека предвидено е да се отстранат вкупно 53 садници липа од оваа улица, на чие место ќе бидат засадени нови 80 садници Лигуструм Јапоникум.

[loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top