Ознака: гости

Охрид преполн од гости за Велигден

Post Views: 2 Балканскиот Ерусалим, преполн од туристи за големиот христијански празник Велигден. Традиционално гостите од Србија, Бугарија и Грција и годинава воскресението Христово ќе го чествуваат во охридските цркви и ќе ги разгледаат убавините на градот. Туристичките работници се потрудија на гостите да им обезбедат пристапни цени, квалитетна услуга и незаборавен престој со организирана програма. „Цените воглавно се како и минатата година, двокреветните соби со доручек и вечера се движат до 40 евра а вип апартманот 70 евра. Имаме агенда почнуваме од четврток, завршуваме во недела...

Continue reading

muzej

Седум децении од смртта на Незлобински

Post Views: 3 Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи. „Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на стружани...

Continue reading

Звучни имиња на естрадни уметници носат голем број на гости, сметаат туристичките агенции

Post Views: 2 Прославите на плоштадите и добро украсените градови, отсекогаш се смета дека привлекуваат поголем број туристи посебно за Новогодишните празници. Туристичкиот бисер Охрид, деновиве блесна во ново, празнично руво. Но градот доцни со конципирање на новогодишната програма која треба да ја понуди пред бројните туристи, забележуваат туристичките работници. Хотелиерите сметаат дека Локалната валст треба да дефинира каква прослава сака, бидејќи сепак станува збор на најголемиот туристички центар во земјава. „Кога станува збор за Нова Година треба и тоа како многу дополнителни...

Continue reading

Охридските угостители кројат најразлични стратегии како да привлечат гости

Post Views: 1 Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар. Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за да...

Continue reading

Инспекторите не затекнале гости во охридските локали без сертификати за имунизација

Post Views: 0 Во Охрид и на крајбрежјето угостителите ги почитуваат протоколите за проверка на гостите дали поседуваат сертификат за имунизација. Од 16 август од кога е на сила оваа мерка за заштита на населението од ковид 19 инспекторите од државниот пазарен инспекторат при спроведените контроли  не затекнале гости во локалите без сертификат за имунизација, информира Цветко Ристески, началник на Државниот пазарен инспекторат поддрачна единица Охрид. Во овој период, во овие две седмици, од кога се постапува не се констатирани неправилности. Продолжуваме со инспекцискиот надзор во...

Continue reading

raj

„Рај“ или најголемата јавна куќа во Европа

Post Views: 9 Ако немате баш нешто попаметно да правите, да се прошетаме низ најголемата јавна куќа во Европа. Нема гајле, легална е. Ова е Парадајз (англиски, не српски), најголемата јавна куќа во Европа. Во неа се вложени 6 милиони евра и отворена е во 2008-ма, шест години откако Германија ја легализира проституцијата. Има ресторан, ергономски погодни сепареа, кино, финска и турска бања како и 31 приватна просторија (македонски: брза соба) за стотината гости кои секоја вечер доаѓаат тука. Проституцијата во Германија е гранка во која годишно се вртат 16 милијарди долари. Сексуалните...

Continue reading

Охридската софра и годинава привлече голем број гости

Post Views: 2 Охридската софра поставена со 15 тепсии на вкусни домашни ѓомлезина и годинава привлече голем број гости во Скребатно, во атарот на црквата Успение на Пресвета Богородица. Општина Охрид ја продолжува добрата традиција која од година во година бележи се поголема посетеност од домашни и странски гости. Претседателката на Советот, Гордана Коњаноска истакна дека ова е добар начин за промоција на туризмот бидејќи на туристите им се нуди можност покрај дегустација на домашните македонски специјалитети да им се покажат атрактивните места во руралните средини во близина на Охридското...

Continue reading

Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости

Post Views: 0 Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости. Речиси и да нема турист кој дошол во градов оваа сезона, а кој не ѕирнал што се случува во овој автентичен простор во непосредна близина на катедралната црква Св. Софија. Покрај што таму можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија тоа се прави, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами. Семејството Филеви веќе 100 години ја негува традицијата на изработка на оригинален...

Continue reading

РК „Вардар“ во гости кај гладијаторите

Post Views: 1 Освојувачот на трофејот во СЕХА лигата, актелниот медонски првак и учесник во 1/4 финалето во Лигата на шампиони, РК „Вардар“, гостува во охрид во рамките на 4-та рунда од Плејофот во Супер Лигата. За охридската публика ова ќе биде меч за уживање, додека за „гладијаторите“ награда за досегашните резултати во Супер Лигата. Натпреварот ае игра во петок со почеток во 18 часот во спортската арена „Биљанини извори“, а за сите оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на истиот, ТВМ обезбеди директен пренос.

Continue reading

Домашните гости се враќаат на охридско – струшката ревиера

Post Views: 0   Домашните гости се враќаат на охридско струшката ревиера.  Оваа туристичка сезона домашните посетители изненадија. Заклучно со месец јули, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашни гости за 25% е поголем,вели Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој смета дека овој податок радува, имајќи ги во предвид неколку околности кои можеа да влијаат истата да биде загрозена. „Ако може до овој момент според официјалните податоци да сумираме јас би ја окарактеризирал како доста успешна бидејќи имавме мигранска криза на почетокот на сезоната, актуелната политичка...

Continue reading

Продиџи и Ал ди Меола се очекува да привлечат многу гости од Балканот и Европа во Охрид

Post Views: 2 Се е подготвено да финишира фестивалот  Охрид колинг со настапот  на големите светски  музички звезди Ал ди Меола и Продиџи.  Охрид е подготвен да ги дочека  гостите кои ќе допатуваат овој викенд во градот за да ги слушнат изведбите на светски познатите музичари, истакнаа од Локалната самоуправа кои се коорганизатори на фестивалот со Авалон продукција. „Според најавите и очекувањата од Авлон интересот е огромен не само од Македонија туку и од околните Балкански земји,  од други европски држави, од Англија  и Холандија заради директните авионски линии .Тоа е можност вљубениците...

Continue reading

plaza Struga

Туристичка сезона за мерак

Post Views: 37 Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости. Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top