• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Продиџи и Ал ди Меола се очекува да привлечат многу гости од Балканот и Европа во Охрид

Продиџи и Ал ди Меола се очекува да привлечат многу гости од Балканот и Европа во Охрид

Продиџи и Ал ди Меола  се очекува да привлечат многу гости од Балканот и  Европа во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Се е подготвено да финишира фестивалот  Охрид колинг со настапот  на големите светски  музички звезди Ал ди Меола и Продиџи.  Охрид е подготвен да ги дочека  гостите кои ќе допатуваат овој викенд во градот за да ги слушнат изведбите на светски познатите музичари, истакнаа од Локалната самоуправа кои се коорганизатори на фестивалот со Авалон продукција.

„Според најавите и очекувањата од Авлон интересот е огромен не само од Македонија туку и од околните Балкански земји,  од други европски држави, од Англија  и Холандија заради директните авионски линии .Тоа е можност вљубениците во добрата музика за нивен стандард ефтини финансии да дојдат и да помина убав викенд или повеќе денови во Охрид и да гледаат музички звезди од севстки калибар “, истакна Ѓоко Апостолов од Тлер.

Денис Илијоски од Авалон продукција, исто така, кажа дека се подготвени да продолжат со фестивалот  Охрид колинг. На првиот концерт на 1август се покажа дека Охрид е спремен да се носи со овој фестивал  и овој викнед ќе се заокружи 1- то издание со двата концерти на светски познатиот гитарист АЛ ди Меиола и мегапопуларната група  Продиџи.

„Нема држава на Блканот каде нема продажба  и во 3-4 европски земји. Задоволни сме со тоа што сме помогнале преку овие концерти Охрид да се промовира пошироко во светот“, истакна преставникот од Авалон продукција Денис Илијоски.

Се очкуваат околу 2 до 3000 гости од странство, место има за сите, а од Авалон порачуваат фановите да внимаваат од каде купуваат билети и најавуваат строги контроли на влезот на концертите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top