• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Звучни имиња на естрадни уметници носат голем број на гости, сметаат туристичките агенции

Звучни имиња на естрадни уметници носат голем број на гости, сметаат туристичките агенции

Однапред утврдена програма со звучни имиња на уметници, носат голем број на гости за Новогодишните празници, сметаат туристичките работници од градов. Од хотелскиот еснаф пак сметаат дека Охрид мора да дефинира каква програма сака за Нова Година.

 |  Николоска Биљана  | 

Прославите на плоштадите и добро украсените градови, отсекогаш се смета дека привлекуваат поголем број туристи посебно за Новогодишните празници. Туристичкиот бисер Охрид, деновиве блесна во ново, празнично руво. Но градот доцни со конципирање на новогодишната програма која треба да ја понуди пред бројните туристи, забележуваат туристичките работници. Хотелиерите сметаат дека Локалната валст треба да дефинира каква прослава сака, бидејќи сепак станува збор на најголемиот туристички центар во земјава.

Кога станува збор за Нова Година треба и тоа како многу дополнителни содржини кој што би го зголемиле амбиентот атмосферата во самиот град дека доаѓа Нова Година и да се овозможина туристите кои доаѓаат да уживаат трите дена не само во понудата на хотелите туку и во целокупната понуда во градот“

Радува податокот што Охрид за Новогодишните празници ќе биде полн со гости, барем според најавите на хотелиерите кои предочија дека нивните хотелски капацитети се 100% резервирани уште пред два месеци, вели Елида Битрак од ТА Елида Турс. Но, Битрак нагласи дека во изминатиов период тие како туристички работници имале слаба соработка со градската власт и смета дека тоа мора да се поправи односно таа соработка да се подигне на повисоко ниво.

Досега ние како Туристичка Агенција не сме добиле никаква информација дека во Охрид за Новогодишните празници ќе има прослава или било каква активниост. Сметам дека доколку би имало некаква… по мое мислење…. макар тоа да биде на локално ниво, специфична активност, тогаш ние би ја збогатиле нашата понуда со таа програма и се надевам дека би бил и поголем интересот за престој на домашни и странски гости за Новогодишните празници

Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“, смета дека главната улога во организација на програмата за најлудата ноќ треба да ја има Локалната самоуправа и конечно да прифати еден од рецептите на светските метрополи која е тајната на привлекување што поголем број на гости за Новогодишните празници.

 „Сведоци сме дека еве како најблиски ќе ги земам Будва или Белград, месеци наназад се знае кој ќе настапува за Нова Година во градот а со самото тоа се привлекува голем број гости. Доколку успееме во иднина навреме да донесеме некое звучно име или бенд или познат естраден уметник, може значително да се зголеми бројот на гости за Новогодишните празници“

До испраќањето на старата и дочекот на Новата 2018 година остануваат уште десеттина дена. Градот е празнично украсен а детали околу тоа што ќе се случува на градските плоштади за време на празниците од локалната најавија дека ќе откријат во текот на утрешниот ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top