Ознака: голема

Охрид

Граѓаните тешко одвојуваат пари за осигурување нa имотите од штети

Post Views: 6 Охриѓани ретко одвојуваат пари за осигурување на своите домови од  штети. Засега, опфатот на индивидуалните домаќинства во Охрид од разни видови на штета на имотот е само 20 проценти, вели Зоре Николоски, менаџер за продажба на осигурувања од АД „Кјуби Македонија“. Иако еден од приоритетите за влез во Европската унија е зголемување на лимитот до 80 проценти за осигурување на имотите, со сегашниот процент не можеме да бидеме задоволни, нагласува Николоски. Менаџерот по продажба на осигурувања додава дека иако се забележува мало зголемување на интересот кај осигурувањето...

Continue reading

ribna corba podgotovka

Започнаа подготовките за чорбата за Гинис

Post Views: 8 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира  Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа уште...

Continue reading

Milanka Noveska

Се нижат успесите на Миланка Новеска

Post Views: 1 Желбата на Миланка Новеска по се изгледа за скоро време ќе стане и реалност. „Секако дека сакам еден ден да станам видна оперска пејачка да направам голема кариера. Тоа е мојот сон, да пеам во голема оперска куќа“, вели Миланка. Дека желбата навистина ќе и се оствари зборуваат и последните освоени награди. Таа ја овои првата награда во камерно пеење дуети заедно со Мила Јаневска и Милош Спасиќ на пијано, и втора награда во дует со Јаворќе Витанова во пијано придружба на Силјан Пановски, сите уценици во ДМБУЦ „Илија Николоски – Луј“, под менторство на профедор Александра...

Continue reading

Gjorgoski kum Vodici

Избран новиот кум на „Водици“

Post Views: 6 Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството. На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа очигледно...

Continue reading

nikolovski

Позитивниот извештај, дипломатски успех

Post Views: 5 Европската Комисија застана силно зад Македонија. Нашата земја го доби најпозитивниот извештај до сега, по четврти пат Комисијата одлучи Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Сатисфакцијата е голема, вели пратеникот во Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој додава дека од голема важност е што со упорност, принципиелност, децидност и непроменет став успеале придавките „македонски“ да бидат врататени во извештајот,  бидејќи според него основна работа на секоја нација е нејзината самоопределба. „Она што мене ме радува...

Continue reading

konferencija mak. jazik

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 1 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер...

Continue reading

policija

Охриѓани имаат голема желба да бидат полициски службеници

Post Views: 0 Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа. „Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да...

Continue reading

suzana patceva

Голема чест, но и одговорност

Post Views: 16 Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот. Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката. Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални...

Continue reading

ohridija

Охрид ќе добие уште шест кружни текови

Post Views: 28 Локалната го променува регулирањето на сообраќајот во централното градско подрачје. Наместо светлосната сигназизација, одсега кружни текови. И раководителот на одделението за сообраќај и експертите се категорични дека овој начин на сообраќај за учесниците е побезбеден и го намалува времето на чекање. Работите отпочнаа на рскрсницата помеѓу Туристичка и Асном, кај стара Охридија, со тоа што се извадија старите билбориди, две сијалици и други метални елементи кои попречуваа во градежните активности. Кружните раскрсници даваат перспектива, за разлика од семефорскиот систем...

Continue reading

pantomima ck

Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид

Post Views: 3 Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред. „Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам...

Continue reading

Дали им дојде крај на турканиците пред Катастар?

Post Views: 5 Електронскиот катастар наскоро ќе биде достапен и во нашата општина. Оваа алатка ќе им овозможи на граѓаните во било кое време и од било кое место да имаат увид во сопствениот имот. Крајниот рок за воведување на електронскиот катастар е Јуни 2012 година. Оваа алатка досега е имплементирана во Скопје и во уште тринаесетина градови. Од подрачното одделение на Агенцијата за катастар и недвижности велат дека до средината на Март ќе биде воведен електронскиот катастар. Со ова, раководителот на одделението Робе Тодороски вели дека во голема мера ќе се намалат гужвите пред...

Continue reading

патронат

О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Post Views: 0 Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси. „Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска. Во чест...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top