Ознака: голема

protest

Протест на здружението „Христо Узунов“

Post Views: 0 Денес пред општинската зградата во Охрид, по иницијатива на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ се одржа протест. Мотивирани од најновите поскапувања на водата и комуналните услуги во градот, како и од се погласните коментари за можно продавање на МЈП „Проаква“, тие го кренаа својот глас против Локалната самоуправа и го вперија прстот во неа како главен генератор на сите тие проблеми. Ристески на протестот ги искажа и своите барања кон Локалната, поточно порача, под итно да се стопираат сите преговори со странските инвеститори, бидејќи се задира во најскапоценото...

Continue reading

zanaeti

Старите занаети полека тонат во заборав

Post Views: 12 Охрид, некогашниот занаетчиски, трговски, верски и културен центар, пополека но сигурно го губи својот препознатлив лик. Од познатата стара Охридска чаршија, за жал сега остана само нејзиното име. Како во филмските сцени, во последен миг се прават обиди да биде спасено нешто од оние автентични занаети кои некогаш биле основен извор на приходи за Охриѓани. „Занаетчиите се обременети со големи давачки кон државата, се соочуваат со една нелојална конкуренција на готови производи увезени од исток. Од друга страна пак може и немаат некој атрактивен простор за да си ги изложат...

Continue reading

Lajonisti

Голема награда за македонските лајонисти

Post Views: 7 „Македонија е мала држава по население и територија, но голема во светот на Лајонизмот“, вели актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Др.Сашо Василевски. Реализацијата на над 400-те проекти на ниво на клубовите во Македонија, меѓу кои како еден од поамбициозните може да се издвои  организацијата на летниот камп за деца заболени од Дијабетис тип 1, потоа проектот Засади ја својата иднина, проект кој го започнаа лајонистите од Скопје, проект прифатен од државата проект чија реализација сега заеднички продолжува. Овие проекти на македонските лајности им донесоа и едно големо...

Continue reading

piter bruk

Прогласен добитникот на светската награда за хуманизам

Post Views: 5 Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот. Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот...

Continue reading

humanitarna akcija

Хуманитарна акција на плоштад

Post Views: 4 Во предпразничен дух денес беше организирана хуманитарна акција во сите поголеми градови во нашата земја. Организатор на оваа акција е социјал демократската младина. Граѓаните кои ги затекнавме како донираат новогодишни пакетчиња ги запрашавме што мислат за акциите од ваков карактер. Оваа акција е организирана со цел новата година да им ја разубавиме на лицата со посебни потреби и деца без родители, вели Игор Јорданов. Сакаме да им покажеме дека не се заборавени и да ги израдуваме со новогодишни пакетчиња. Ова е прва ваква акција откако е тој претседател на социјал...

Continue reading

den na prevencija

Ден на превенција

Post Views: 6 Денес сите полициски станици кои се во рамките на СВР Охрид, со пригодна свеченост го одбележаа Денот на превенцијата. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски направи една ретроспектива на сите нивни активности од 2008  година кога е формирано одделението за превенција. Како што е добро познато тоа има задача да делува исклучиво на превенција во сите сегменти на полициското работење.Димоски посебно е задоволен од реализацијата на проектите кои се однесуваат на делувањето на превенција со дрога, трговија со деца како и проектот „Дрога, превенција и заблуда“. Димоски...

Continue reading

kamp Eleshec

Разочарувачки 4-та и 5-та категорија

Post Views: 9 Застрашувачки резултати од испитувањето на езерската вода. Според анализите на Центарот за јавно здравје, водата, во добар дел од автокамповите на охридското крајбрежје, континуирано со квалитет од 4-та и 5-та категорија. Пред резултатите од ваквите анализи не треба да се молчи, туку треба да се изнајде начин под итно да се делува, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој кажа дека од нивна страна писмено било известено ресорното министерство, а проблемот го гледа во дотраените и стари прочистителни станици. Танасоски потенцира дека ваквите...

Continue reading

znaci

Заврши летниот режим на сообраќај

Post Views: 8 Со почетокот на месец септември, заврши летниот режим на сообраќај. Ова сообраќајно решение кое го донесе советот на град Охрид, во функција беше од 1 јули, па се до вчера. Денеска беа извадени сообраќајните знаци кои на моторните возила им го укажуваа правецот на движење во текот на летниот период.Покрај сообраќајните знаци, беа извадени и дел од конусите кои во голема мерка помогнаа, несовесните возачи да не се паркираат на оние места каде им ја намалуваат прегледноста на останатите учесници во сообраќајот. Во телефонскиот разговор со раководителот на Одделението...

Continue reading

kuka

Голема прашина, пред да се руши

Post Views: 3 Сопствениците на руинираната куќа во старата чаршија беа неколку пати известувани дека мора да го рушат објектот, велат од локалната самоуправа. Ова наспроти вчера дадената изјава за ТВМ од страна на сопственикот- Исламската верска заедница, дека немаат добиено известување дека мора да ја рушат куќата. Локалната самоуправа во неколку наврати ја опоменувала Исламската верска заедница, сопственик на руинираната куќа на улица Гоце Делчев, да го руши објектот. Причина е неговата дотраеност поради што куќата може секој момент да се сруши и при тоа да ја загрози безбедноста...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top