Прогласен добитникот на светската награда за хуманизам

Питер Брук петти добитник на светската награда за хуманизам. Неговото прогласување се случи синоќа во куќата на Уранија.

 |  Наташа Размоска  | 
piter bruk
Питер Брук

Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот.

Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот амбасадор за Македонија Жан Клод Шлумберже. Тој изрази голема благодарност на Охридската Академија за хуманизам и задоволен е што оваа година наградата оди во рацете на светски познат и признат режисер.

Uranija

„Многу сум среќен што оваа година оваа престижна награда оди во рацете на режисерот Питер Брук. Питер Брук е симбол на уметноста. Тој е многу важен за театарскиот и филмскиот свет, како на европската така и на светската сцена. Неговиот допринос е огромен за францускиот театар.Благодарен сум што интернационалното жири одлучи вака вредна награда да се додели на Питер Брук. “ вели францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже.

На прогласувањето на наградата, премиерно беше прикажан и документарниот филм под режисерска палка на Јордан Плевнеш и Питер Брук. Во истиот, Питер Брук зборува за неговите импресии од Охрид.

Со доделувањето на оваа престижна награда, Охрид доживува светска промоција, бидејќи сите добитници, преку портите на градот се врзуваат со неговите убавини, додава Плевнеш. Тој исто така смета дека овој настан треба да премине во традиција и искажа голема благодарност до сите медиуми кои излегуваат во пресрет и посветуваат внимание на ваквите активности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top