Започнаа подготовките за чорбата за Гинис

Започна подготовката за рибната чорба со која Охрид треба да се впише во Гинисовата книга.

 |  Маленкова Татјана  | 
ribna corba podgotovka
рибна чорба подготовка

500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира  Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски.
Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа уште денеска.

„Денеска почнавме со варење на рибата, затоа што е многу голема количина. Имаме околу 500 килограми ribna corba podgotovkaлосос и 200 килограми ослиќ. И друг зеленчук околу 140 килограми морков, целер 50 килограми, 200 – 250 туфчиња магдонос … Навистина се работи за голема количина која што ќе се изработи овде“, вели професорот по готварство од угоститеското училиште Блаже Јорданоски.   

Јорданоски додава дека со подготовките треба да се стигни до недела до 11 часот, затоа што рибната чорба ќе се подготвува во казанот поставен на новиот плоштад на местото од старата библиотека.

Од здружението Богојавление откриваат донеле ново правило за следната година.

„Одлучивме оној кој ќе донира матријали за чорбата да биде кум за манифестацијата за следната година.Ова значи дека кумот, ќе биде познат“, вели претседателот на Богојавление Љупчо Арнаудов.  

Рибната чорба од 3 тони и 300 кг треба да го запише Охрид во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата која се подготвува под будно око на преставници на Гинис ќе биде готова во недела во 14.00 часот, по што истата ќе се дели на охриѓани, гостите, во хотелите, во општата болница, но и на социјалните случаи.
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top