Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид

Пантомима и глума, крводарителска акција и музика како продолжение на целонеделните одбележувања по повод роденденот на Анри Динан.

 |  Мишел Наумоски  | 
pantomima ck
пантомима цк

Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред.

performans volonteriДенеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам на сите овие млади луѓе, млади волонтери кои што се навистина сржта на Црвениот крст, сржта на хуманоста на Охрид, ги поканувам и сите граѓани да дојдат да членуваат во нашата организација, за секого има место, за секого има што да работи и каде да го најде своето време да го потроши во Црвениот крст.“-рече претседателот на општинската организација на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.

krvodaritelskaПокрај крводарителните акции кои се белег на Црвениот крст од Охрид, денес програмата збогатена со многу повеќе активности секако подготвени од младите волонтери.

„До 15 часот имаме разни групи од Црвениот крст од младите волонтери кои што подготвија разни активности од пантомима до актерство и глумење. Денеска ни започнува и продажбата на вредносните бонови односно учесничките броеви за големата спортска хуманитарна рекреативна акција „За посреќно детство“ која ќе се реализира на 26ти Мај и која вклучува голем број на млади волонтери од нашиот град и од општината Дебрца кои што ќе се натпреваруваат во голем број на дисциплини.“-вели Точков.

Талончината за оваа голема хуманитарна акција, кои се продаваат по цена од триесет денари ќе учествуваат во голема наградна игра. Преку сто вредни награди ќе бидат доделени  во втората половина на јуни, токму на Телевизија ТВМ. Како дел од активностите ќе се одрижи и  голема трка низ градот која ќе ја предводат полициските единици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top