Post Views: 0
Тајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија.
“Господинот Плетњев постојано ги отфрлаше обвинувањата, но целосно соработуваше со тајландските власти. Од почетокот на јули, тој неколку пати се враќаше на Тајланд за да го покаже своето присуство, како што му наложи Окружниот суд”, стои во известувањето на Руската национална опера, чиј основач е Плетњев.
Диригентот беше уапсен во одморалиштето...
Post Views: 1
Човечка грешка е причината за излевањето на токсичната кал во Унгарија кое ја предизвика најголемата еколошка катастрофа по Чернобил. Имало луѓе кои знаеле за лошата состојба на ѕидовите на резервоарот, но не презеле ништо. Од виновниците ќе се бара финансиска и морална одговорност, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Ова не беше природна катастрофа, туку резултат на човечка грешка. Затоа штетата не треба да ја покријат плаќачите на данок, туку тие што ја предизвикаа“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.Директорот Золтан Бакоњи е уапсен и полицијата го испитува, а...
Post Views: 0
Кинеските власти и одредија домашен притвор на сопругата на кинескиот дисидент Лиу Сјаобоа, добитникот на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти портпаролката на организацијата за заштита на човековите права.Кинеските власти, на сопругата на нобеловецот, и го заплениле телефонот и и ја соопштиле одлуката за домашен притвор откако го посетила својот сопруг во затворот и му ја кажала веста за наградата.
Нобеловата награда за мир му припадна на Лиу за неговата „долгогодишна и ненасилна борба за основните човекови права во Кина“. Тој е осуден на 11 години затвор,...
Post Views: 6
Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија изработен од МЦМС.
„Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските приходи,...
Post Views: 4
Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило едно куче кое агресивно тргнало кон него.
„Јас во моментов станав и почнав да се враќам наназад демек земам камен да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа беше агресивно многу и ми се фрлаше во нозете да ме касни. И додека бев навален да земам камења секундарно се затрчаа 7-8 кучиња и му бувнаа и така сите почнаа да ме т6ргаат и касаат. Не дај Боже...
Post Views: 11
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, денес слики ни испрати нашиот сограѓанин Миле Кипариз кој вели дека во Охрид има дискриминација, односно според него локалните власти ги дискриминираат населбите кои се наоѓаат после Лескајца. Ова е неговиот коментар:
Дискриминација. За локалните власти градот завршува кај Лескајца. Сите други населби после Лескајца се дескриминирани – вели Миле Кипариз.
Post Views: 2
Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија.
Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж дека почнал од ебола.
„Македонските здравствени власти пријавија дека на 9 октомври, лице со симптоми на ебола...
Post Views: 10
Колку пари ќе чини рекламирањето за претстојните претседателски и пшредвремени парламентарни избори? Неофицијалните податоци зборуваат дека цената за закуп на рекламно пано или билборд се движи од 100-1.500 евра, во зависност од локацијата, големината и времетраењето на закупот.
Казна од 50 евра е предвидена за сите кои ќе лепат изборни плакати на јавни или приватни површини.Односно секој обид за лепење на истите на бандери, огради или фасади ќе се смета за прекршување на законот и ќе се санкционира со парична казна. За информацијата дали градските власти во Охрид ...
Post Views: 8
Светот денеска се подготвува да ја дочека новата 2014 година. Еден од првите мегаполиси кој „ќе влезе“ во новата година е Сиднеј, каде градските власти најавија спектакуларен огномет во реонот околу мостот „Харбур Бриџ“ и познатата Сиднејска опера.
Првпат по повеќе од десет години денеска огнометот ќе биде лансиран од подножјето на Операта. Што точно ќе биде испишано на небото со огнометот засега се чува како тајност. Целиот настан ќе чини околу шест милиони австралиски долари.Во Јапонија новата година ќе биде дочекана со биење на камбани и со фрлање на парички во храмовите....
Post Views: 2
Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков.
Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек.
Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка.
Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици до руските...
Post Views: 7
Министрите за финансии на еврозоната се договорија на вонредниот состанок во Брисел за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција за уште четири месеци.
Во заедничката изјава на министрите за финансии на еврозоната се вели дека “грчките власти најдоцна до 23 февруари ќе го предложи првиот список на реформи”.
Потоа “институциите” ќе ја дадат првата оценка дали тие мерки се доволни. Изразот институции се користи наместо досегашната “тројка”, која ја сочинуваат Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија.
Договорот ќе биде...
Post Views: 0
Откако беше објавено дека швајцарската HSBC, една од најголемите банкарски институции во светот, помагала на своите бројни богати клиенти да избегнуваат плаќање на милиони евра данок, светот се прашува кој е човекот кој го разоткри криминалот.
Herve Falciani бил долгогодишен финансиски експерт во HSBC кој полицијата во Женева го привела во декември 2008 година поради сомнение дека украл податоци за клиенти. Тој бил пуштен само неколку часа по испрашувањето со услов да се врати дома следното утро, но тој ја искористил приликата и пребегнал во Франција со сопругата и двете...