Ознака: власти

mnr

Молотов коктел врз македонската амбасада во Приштина

Post Views: 2 Министерството за надворешни работи на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот напад врз Амбасадата на Република Македонија во Приштина, кога непознати лица од возило во движење фрлиле молотов коктел врз објектот на Амбасадата.Имајќи предвид дека ова претставува уште еден посериозен инцидент, МНР очекува јасно и недвосмислено да се осуди и од косовските власти, како и да се пронајдат и соодветно да се санкционираат сторителите.Истовремено, Република Македонија очекува косовските власти да работат на превенирање на инциденти од ваков вид, со што на најдобар...

Continue reading

патека Загреб

Та не сме саде ние, та не сме саде тука

Post Views: 8 „Уште една бесмислена велосипедска патека“ со овие зборови започнува написот на Dnevnik.hr по повод реакциите на Здружението на велосипедисти за начинот на кој се исцртуваат велосипедските патеки во Загреб. Градските власти се фалат со велосипедските патеки низ Загреб но во нивното изработување не се запазуваат меѓународните стандарди. Пример за тоа е најновата патека на плочникот на Савска.- реагирале од здружението. „Овие жолти линии не се од корист за велосипедистите. Единствен резултат ќе биде додавање на дополнителна напнатост бидејќи создаваат илузија дека велосипедистите...

Continue reading

ak Ohrid

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти

Post Views: 1 Атлетскиот клуб Охрид иако важи за еден од најуспешните градски клубови со рекордери и прваци во Македонија нема поддршка од  градските власти.  И годинава, како и минатата,  од Локалната самоуправа добиле негативен одговор на писменото барање за помош, вели проф. Влатко Димитров, македнскиот атлетски  селектор и претседател на охридскиот клуб. Додека другите иако помалку успешни атлетски клубови добиваат финансиска помош од своите општини, тоа не случај и со нашата локална власт.  Од минатата година на клубот му се заканува опасност  да згасне по 38 години успешно постоење...

Continue reading

debeli deca

Македонските власти дебелината кај децата ќе ја решаваат со реклами

Post Views: 1 Седумгодишните деца во Македонија се најдебели, при што опасноста за нарушување на нивното здравје се зголемува уште од мали нозе. Со вакви податоци за 2010 година располага Институтот за јавно здравје, додека втори на листата се децата во предучилишна возраст, а веднаш по нив следат петооделенците. Мал процент од средношколците во земјава се вбројуваат во категоријата на дебелите деца. Додека Европската комисија веќе ја почна борбата против дебелината и формираше Европска платформа за диета, физичка активност и здравје,  македонските власти дебелината кај децата ќе...

Continue reading

logo

СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри

Post Views: 0 Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена. Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции? Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015...

Continue reading

Каталонија: Допуштете нѝ да се изјасниме

Post Views: 0 По забраната за референдум, шпанската влада сега сака да ги забрани и “необврзувачките консултации” со граѓаните на Каталонија, кои се најавени за 9 ноември. За каталонските власти тоа е очигледна злоупотреба на власта. Најавата на властите од Мадрид дека по судски пат ќе го забранат и ова изјаснување, ги крена на нозе челниците на Каталонија. “Тоа не само што е смешно, шпанските власти ја злоупотребуваат власта и законите. Уставниот суд го користат во погрешни цели, го присилуваат да одлучува за прашања кои не се во негова надлежност. Работата на Уставниот суд не е...

Continue reading

terminal

Брачен пар од Македонија три дена задржан на бриселскиот аеродром

Post Views: 5 Двајца сопружници, македонски државјани од албанска етничка припадност веќе три дена се наоѓаат во транзитната зона на Бриселскиот аеродром бидејќи белгиските власти не им дозволуваат влез во земјата затоа што располагаат со 52 евра помалку од дозволената сума на пари што им ја бара граничната полиција, пишуваат денеска белгиските весници. Брачниот пар Илјази допатувал во Брисел на 3 ноември во посета на синот кој подолго време живее во белгискиот главен град, но не им е дозволено да влезат во Белгија бидејќи имаат по 1.000 евра, а според правилата на на граничната служба...

Continue reading

bazen

Пуштен во употреба отворениот базен

Post Views: 7 Пливачите на ПК Делфина го сефтосаа големиот пливачки базен кој работи во рамките на ЈП „Билјанини извори“. Од денес и официјално започна со работа отворениот базен за рекреативна и професионална употреба. Првиот човек на Билјанини Извори Ристе Мише, рече дека после месец дена континуирана подготовка за пуштање во употреба на малиот и големиот пливачки базен успеале да ги обезбедат најбитните услови. „Во изминатиот периот ги направивме сите потребни санации припреми и проверки и системот за третирање на водата што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање во...

Continue reading

Mikonos

Македонец остана без бубрег на Миконос

Post Views: 6 Еден македонски граѓанин кој со своето друштво престојувал на грчкиот остров Миконос, деновиве се врати во нашата земја, но без едниот бубрег. Момчето било намамено од девојка со која бил излезен во дискотека на островот. На крајот од ноќта заедно заминале во куќата каде девојката била сместена. Откако наредниот ден не се вратил во хотелот каде што бил сместен заедно со своето друштво, тие почнале да го бараат. Другарите успеале да го лоцираат единствено преку сеќавањето за девојката и распрашувајќи се на островот дали некој ја познава и каде евентуално живее или е сместена....

Continue reading

И Кина не е поштедена од тероризам но…

Post Views: 3 Осум лица, меѓу кои и тројца кои ја “осмислиле” сообраќајната несреќа на главниот пекиншки плоштад Tiananmen во октомври минатата година, се егзекутирани, објавила државната власт. Имено, во налет на автомобил во насобрана маса луѓе смртно настрадаа 5 лица, додека уште 40 беа повредени. Кинеските власти екзекутирале осум лица обвинети за терористички напади во западната покраина Xinjiang. Xinjiang е покраина во која живее народот Ујгури со муслиманска вероисповест, а кинеските власти нападите ги препишаа на исламистичките сепаратисти кои сакаат независна...

Continue reading

daljan

Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Post Views: 47 Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет. „Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута...

Continue reading

Нови безбедносни мерки на летовите кон САД

Post Views: 7 Патниците во авио-сообраќајот се соочуваат со остри мерки на безбедност на директните летови кон САД. Американската управа соопштила дека патниците не ќе можат да внесат во авион електронски уреди со испразнета батрија, и ќе се соочат со додатни проверки. Аналитичарите, новите мерки, ги поврзуваат со разузнувачките податоци кои укажуваат дека Al-Qaeda работи на нови видови експлозиви, кои тешко се детектираат. Американската управа за безбедност во сообраќајот побарала од 250 аеродроми во странство, со директни летови кон САД, да бараат од патниците, при проверката на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top