Tag: власти

ak Ohrid

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти. Атлетскиот клуб Охрид иако важи за еден од најуспешните градски клубови со рекордери и прваци во Македонија нема поддршка од  градските власти.  И годинава, како и минатата,  од Локалната самоуправа добиле негативен одговор на писменото барање за помош, вели проф. Влатко Димитров, македнскиот атлетски  селектор и претседател на охридскиот клуб. Додека другите иако помалку успешни атлетски клубови добиваат финансиска помош од своите општини, тоа не случај и со нашата локална власт.  Од минатата година на клубот му се заканува...

Continue reading

korupcija

Корупцијата во Македонија на петто место

Корупцијата во Македонија е на петто место како клучен проблем. Пред неа се невработеноста, сиромаштијата, високите цени и ниските примања. Тоа го покажа најновиот извештај за проценка на корупцијата во земјава изработен од Македонскиот Центар за меѓународна соработка во рамки на УСАИД програмата за таа област. Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните....

Continue reading

Уапсени две лица осомничени за убиството на Борис Немцов

Убиството предизвика осуда ширум светот Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков. Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек. Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка. Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици...

Continue reading

Грчкиот премиер ќе мора на своите гласачи да им ја каже вистината

Последниот договор со Грција ја обврзува Атина на низа реформи Министрите за финансии на еврозоната се договорија на вонредниот состанок во Брисел за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција за уште четири месеци. Во заедничката изјава на министрите за финансии на еврозоната се вели дека “грчките власти најдоцна до 23 февруари ќе го предложи првиот список на реформи”. Потоа “институциите” ќе ја дадат првата оценка дали тие мерки се доволни. Изразот институции се користи наместо досегашната “тројка”, која ја сочинуваат Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и...

Continue reading

kuce skitnik

Стружанец искасан од кучиња скитници

Стружанец нападнат од кучиња скитници. Драган Пејоски едвај спасил жива глава од чопор агресивни бездомни кучиња. Тој се здоби со повреди на екстремитетите кои му биле санирани во општата болница во Охрид. За тоа колку крвнички бил нападнат зборува негов сограѓанин очевидец. Струга и Охрид вријат од кучиња скитници а ветувањата за регионален стационар никако да се реализираат.   Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај  Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило...

Continue reading

Детали за човекот кој го откри криминалот во HSBC банката

Швајцарската банка HSBC помагала на бројни богати клиенти Откако беше објавено дека швајцарската HSBC, една од најголемите банкарски институции во светот, помагала на своите бројни богати клиенти да избегнуваат плаќање на милиони евра данок, светот се прашува кој е човекот кој го разоткри криминалот. Herve Falciani бил долгогодишен финансиски експерт во HSBC кој полицијата во Женева го привела во декември 2008 година поради сомнение дека украл податоци за клиенти. Тој бил пуштен само неколку часа по испрашувањето со услов да се врати дома следното утро, но тој ја искористил приликата и пребегнал...

Continue reading

logo

СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри

Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена. Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските...

Continue reading

Каталонија: Допуштете нѝ да се изјасниме

Шпанската влада со сите средства се обидува да го запре изјаснувањето По забраната за референдум, шпанската влада сега сака да ги забрани и “необврзувачките консултации” со граѓаните на Каталонија, кои се најавени за 9 ноември. За каталонските власти тоа е очигледна злоупотреба на власта. Најавата на властите од Мадрид дека по судски пат ќе го забранат и ова изјаснување, ги крена на нозе челниците на Каталонија. “Тоа не само што е смешно, шпанските власти ја злоупотребуваат власта и законите. Уставниот суд го користат во погрешни цели, го присилуваат да одлучува за прашања кои не се во негова...

Continue reading

super8

Еболата во Македонија, сеуште наводна?

Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија. Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top