Русија: Украинци, предајте се

Ќе се соочите со бура

 |  инфодеск  | 

Руската војска им дала ултиматум на украинските сили да се предадат до 4 часот во вторник, по средноевропско време, пренесува BBC.

BBC пишува, повикувајќи се на украински одбранбени извори, дека руската војска им порачала на украинските сили на Крим да се предадат или ќе се соочат со “бура”.

Сите украински воени бази на Крим се и понатаму под контрола на украинската војска, но се опколени со проруските трупи, потврдил денес функционер од регионалното министерство за одбрана на Крим Владислав Селезнов.

“Немаше пукање, освен еден предупредувачки испукан куршум кои го испукаа украинците недалеку од Севастопол”, изјавил Селезнов.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на Интерфакс, дека руската црноморска флота им соопштила на украинските сили на Крим да се предадат до утре во 5 часот по локално време или ќе се соочат со воен напад.

Интерфакс го цитирал неименуван извор од украинското министерство за одбрана.

Ултиматумот го дал командантот на руската флота Александар Витко, пренесува Интерфакс.

Селезнов денес рекол дека на украинската воздухопловна база и е даден ултиматум до 16 часот премине на страната на кримските власти и да се заколне на верност, во спротивно ќе бидат жестоко нападнати.

Селезнов прецизирал дека под контрола на украинските власти се уште два објекта, складиште со муниција и командниот пункт во Белбек.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top