Домашен притвор за сопругата на Нобеловецот за мир

Кинеските власти и одредија домашен притвор на сопругата на кинескиот дисидент Лиу Сјаобоа, добитникот на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти портпаролката на организацијата за заштита на човековите права.

 |  Маја Савиќ  | 
Nobelovecot so soprugata
Нобеловецот со сопругата

Nobelovecot so soprugataКинеските власти и одредија домашен притвор на сопругата на кинескиот дисидент Лиу Сјаобоа, добитникот на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти портпаролката на организацијата за заштита на човековите права.
Кинеските власти, на сопругата на нобеловецот, и го заплениле телефонот и и ја соопштиле одлуката за домашен притвор откако го посетила својот сопруг во затворот и му ја кажала веста за наградата.

Нобеловата награда за мир му припадна на Лиу за неговата „долгогодишна и ненасилна борба за основните човекови права во Кина“. Тој е осуден на 11 години затвор, зашто е еден од авторите на „Повелбата 08“ во која се повикува на поголема слобода и на крај на политичката доминација на Комунистичката партија во Кина.
Пекинг ја осуди одлуката за кинескиот дисидент да ја добие наградата и истакна дека оваа одлука на Нобеловиот комитет во Осло ќе ги загрози односите на Кина и Норвешка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top