„Човечка грешка“ причина за најголемата катастрофата после Чернобил

Човечка грешка е причината за излевањето на токсичната кал во Унгарија кое ја предизвика најголемата еколошка катастрофа по Чернобил. Имало луѓе кои знаеле за лошата состојба на ѕидовите на резервоарот, но не презеле ништо. Од виновниците ќе се бара финансиска и морална одговорност, изјави премиерот Виктор Орбан.

 |  Маја Савиќ  | 
Hungary toxic mud
Унгарија токсична кал

Човечка грешка е причината за излевањето на токсичната кал во Унгарија кое ја предизвика најголемата еколошка катастрофа по Чернобил. Имало луѓе кои знаеле за лошата состојба на ѕидовите на резервоарот, но не презеле ништо. Од виновниците ќе се бара финансиска и морална одговорност, изјави премиерот Виктор Орбан.

„Ова не беше природна катастрофа, туку резултат на човечка грешка. Затоа штетата не треба да ја покријат плаќачите на данок, туку тие што ја предизвикаа“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
Hungary toxic mud
Директорот Золтан Бакоњи е уапсен и полицијата го испитува, а државата најави приватизација на компанијата МАЛ Зрт. Се до дефинитивното решавање на проблемот, комесарот за катастрофи ќе биде одговорен за производството и управувањето со имотот за да се обесштетат граѓаните.

Спасувачките тимови во градот Девесцер најдоа уште едно, осмо тело на загинат во несреќата. Најдена е постара жена, последната што се водеше како исчезната. Тимот европски експерти веќе се вклучи во активностите на унгарските власти.

„Ќе им помогнеме на унгарските власти со краткорочни мерки за заштита на здравјето на луѓето и ќе осмислиме долгорочни решенија за справување со проблемот за да спасиме колку што можеме повеќе земја“, вели Јохан Гемоец, екотоксиколог.

Во градот Колонтар веќе почна со работа тешката машинерија која треба да изгради нов ѕид околу оштетениот резервоар за да се избегне ново истекување. Во резервоарот се уште има два ипол милиони кубни метри на токсична кал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top