Ознака: Велестово

ЈП „Охридски Комуналец“ со акција за чистeње во Лакочереј, Трпејца и Велестово

Post Views: 0 Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, во текот на денешниот ден беа ангажирани на повеќе локации. Се расчистува патот за црквата “Св. Спас” во с. “Лакочереј”, низ центарот на селото, главната улица и се до мостот, каде што се коси нараснатата трева покрај истиот пат на двете страни, со цел да има поголема прегледност и да можат да се разминат возилата кои ќе циркулираат за предстојниот празник. Друг дел од екипите се ангажирани на косење, уредување, метење и чистење во с. Трпејца. Поради обилните врнежи од дожд во текот на изминатите денови,...

Continue reading

„Охридски Комуналец” ќе подига кабаст отпад во Рача, Рамне и Велестово

Post Views: 13 Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец” информираат дека утре, 19-ти април, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Рача, Рамне и Велестово. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од општината, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Continue reading

velestovo

Заврши реконструкцијата на локалниот пат до Велестово

Post Views: 0 Заврши реконструкцијата на локалниот пат кој од Охрид води до Велестово. Истиот, денес беше свечено пуштен во употреба, откако беше завршена и втората фаза од неговата целосна реконструкција, која започна уште минатата година. Тогаш, во првата фаза се асфалтираше дел од патот од бензиската пумпа кај Билјанини извори до управната зграда на НП „Галичица“ како и еден дел на самиот влез во селото во должина од околу 900 метри. Тој зафат беше финансиран со средства од 6 и пол милиони денари обезбедени преку Агенцијата за патишта на Република Македонија. „Сега општина Охрид...

Continue reading

Дел од патот кон Велестово ќе се проширува и асфалтира

Post Views: 5 Започна втората фаза на грaдежни работи на локалниот патен правец кој води кон Велестово. Со овој зафат планирано е да бидат асфлатирани  3000 метри од патот со што патот ќе биде целосно завршен. За овој локален патен правец се обезбедени околу 15 милиони денари, изјави Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици „Во оваа втора фаза ќе бидат асфалтирани 3000 метри од патот со ширина од  4 метри. Патот ќе се проширува за 40 -50 см по цела должина. Во втората фаза ќе се асфалтираат 12.000 м квадратни од овој патен правец“, вели Танески. Локалната...

Continue reading

Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 1 Велестово синоќа по 27 пат беше собирното место на македонските поети и сликари, вљубеници во поезијата и уметноста воопшто, во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Годинава настанот беше посветен на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски. Во името на градот на присутните, се обрати заменикот градоначалник Ангел Јанев. Тој истакна дека оваа средба слична на прославите на книжевните великани во Европа, е убав повод да се навратиме на делата на врвните претставници на македонската поетска реч. „Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно...

Continue reading

Поетска ноќ во Велестово по 27 пат

Post Views: 6   Поетска ноќ во Велестово. Оваа манифестација има  стабилна традиција која ја троши својата трета деценија, односно 27 години постоење. Започнува утре 14 август на сред село Велестово во 21 часот и 30 минути. По својата специфика оваа манифестација се избори да биде една од најавтентичните поетски манифестации не само кај нас туку и пошироко така што последниве години стана и меѓународна, вели организаторот проф. Славе Ѓорѓо Димовски . „Тоа што е специфично е начинот на презентирање на поезија. Таа се презентира од невобичаен простор, село, значи излегува надвор од...

Continue reading

logo

Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 1 На 14-ти август во охридското село Велестово, со почеток во 21.30 часот, по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид.Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави...

Continue reading

Света Тројца Велестово

Post Views: 4 Андријана Ристевска во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика од прекрасното свето место Света Тројца Велестово. Еве што напиша таа под фотографијата: Би сакала да споделам една убава локација за прошетка во околината на Охрид. Црква Св.Тројца Велестово црква која ве освојува веднаш по пристигнувањето. Црквата има одлична местоположба која е надополнета со  живописна природа и непречен поглед на Охридското езеро. Срдечно ја препорачувам за луѓе кои сакаат пешачење( се стигнува за околу 55 мин).

Continue reading

pat Velestovo

Велестово виде асфалт после 32 години

Post Views: 2 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...

Continue reading

Кривични за две лица од Велестово за “бесправно градење“

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велестово.– Пријавените во текот на 2021 година на катастарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски...

Continue reading

poetska nok

Поезијата е важна за малите земји

Post Views: 1 Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска...

Continue reading

poetska nok

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Post Views: 0 Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top