Ознака: Велестово

ИПА Охрид организира рекреативно-кондиционо пешачење до Велестово

Post Views: 10 Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово. Како што информира претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, оваа активност што ќе се реализира на 20.11.2021 година (сабота), е во соработка со Планинско спасителната служба при Црвениот Крст Охрид (ПСС), а предвидено е да се спроведе според следната агенда: * 09 часот,...

Continue reading

32. ИЗДАНИЕ НА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Post Views: 6 Со стиховите на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, во петок на 21-ви август 2020 година ќе започне 32. издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“. Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески...

Continue reading

Се расчистува патниот правец до Велестово и каналот до Билјанини Извори

Post Views: 0 Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„. Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната...

Continue reading

Се е подготвено за 28то издание на „Поетската ноќ во Велестово“

Post Views: 4 Охридско Велестово утревечер повторно ќе биде собиралиштето на македонските и светските поети и сликари, како и на сите вљубеници во поезијата и уметноста. Првата вечер е посветена на македонскиот реномиран поет Санде Стојчески, а стиховите на поетот ќе бидат читани од страна на тетатарската група „Аматер“. Првата вечер со мал концерт ќе ја отвори охридскиот хармоникаш Петар Кочовски. Исто така, во рамките на манифестацијата, на тремот на црквата Успение на Св.Богородица во Велестово, ќе биде отворена и ликовната изложба на академскиот сликар Стефан Хаџи Николов. „Низ...

Continue reading

Повторно се расчистува патот до с.Велестово

Post Views: 2 Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад. Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Continue reading

Започнува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 1 Од денес до 18 август се одржува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово. На сред село, кај Чешмата, поети од земјава и светот три дена ќе ја слават поезијата и уметноста по 31 пат. Манифетсацијата ќе почне со претставување на поетскиот портрет на македонскиот поет Иван Џепароски. Огромно задовоство е да се биде дел од плејадата најзначајни македонски автори. Од таа низа врзана за вредностите на македонската поезија, од овде, од височините на прекрасното Велестово, вели Џепароски. „Поезијата не издигнува дополнително и прави естетско доживување поврзано со...

Continue reading

Единствената мини фарма со магариња во земјава се наоѓа во Велестово

Post Views: 5 Роберт Шиникоски во атарот на родното Велестово подигнал мини фарма со магариња. Овој млад човек, пред 18 месеци се вклучил во проект за спас од исчезнување на автохтоната сорта магариња. Со помош на здружението на граѓани “Буша“ се вклучил во проект за заштита. Добил грант од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови и набавил 11 машки и женски грла добиток. Шиникоски е голем љубител на животни и вели дека работата не е тешка. Раскажува за почетоците при основањето на фармата. „ Потешкотии нема бидејќи овие животни не бараат многу , се задоволуваат со малку. Но сепак...

Continue reading

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово

Post Views: 3 Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид. 23 волонтери од неколку европски земји, но и од Македонија денеска собраа 17 полни вреќи со отпад од видиковец на патот кон Велестово. Пластични шишиња, влажни марамици, презервативи се некои од работите кои доминираа на овој простор кој моментално е исчистен благодарение на странските и волонтерите од земјава. „Но, во меѓувреме, истакнуваме дека во околината на видиковецот...

Continue reading

„Поетска ноќ во Велестово“ одбележува тридецениски јубилеј

Post Views: 0 „Поетска ноќ во Велестово“ ја извади поезијата од академските простории и ја врати онаму од каде што поетскиот јазик протекол од чистата нечепната природа. Од тридецениско растојание може да се каже дека претставува една своевидна антологија на македонската поезија, кажа основачот, поетот Славе Ѓорѓо Димоски. Пред 30 години манифестациајта започна со оригинална концепција како спој на поезијата и сликарството а од 2008 година пресрасна во меѓународна. Годинава ќе изостане меѓународниот дел но ова јубилејно издание е исклучително значајно за поновата македонска поезија....

Continue reading

На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот

Post Views: 0 Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира. Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен. Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за 40 -50...

Continue reading

29-та „Поетска ноќ во Велестово“

Post Views: 0 Вечер започнува 29-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово. На манифестацијата уникатна по својот концепт и секогаш богата со нови содржини, секоја година се посветува внимание на творештвото на еден македонски поет. Годинава таа чест му припадна на академик Ристо Василевски, за кого беседа ќе одржи поетот Бранко Цветкоски. „Годинава тоа задоволство го има нашиот поет кој живее во Република Србија, Ристо василевски, кој е е еден мост помеѓу македонската и српската литература, кој српската литература ја приопштува на македонски јазик и обратно, македонската...

Continue reading

ЗАПОЧНУВА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Post Views: 11 Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Свеченото отворање ќе биде вечерва со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Ристо Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54.  летна школа на Mеѓународниот семинар  за македонски јазик, литeратура и култура. Истата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top