Кривични за две лица од Велестово за “бесправно градење“

Кривични за две лица од Велестово поради „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велестово.
– Пријавените во текот на 2021 година на катастарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата по што, продолжиле со градежните активности, информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top