Поетска ноќ во Велестово по 27 пат

Поезијата е едниствен чувар на јазикот, посебно во денешно време кога интеретот надвладува над се. Тоа треба да се негува, а манифестацијата Поетска ноќ во Велестово е одлична можност да се слушне најдоброто од поезијата. Ова го истакна организаторот на оваа манифестација проф. Славе Ѓорѓо Димовски на само ден пред нејзното одржување.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Поетска ноќ во Велестово. Оваа манифестација има  стабилна традиција која ја троши својата трета деценија, односно 27 години постоење. Започнува утре 14 август на сред село Велестово во 21 часот и 30 минути. По својата специфика оваа манифестација се избори да биде една од најавтентичните поетски манифестации не само кај нас туку и пошироко така што последниве години стана и меѓународна, вели организаторот проф. Славе Ѓорѓо Димовски .

„Тоа што е специфично е начинот на презентирање на поезија. Таа се презентира од невобичаен простор, село, значи излегува надвор од сите академски структури, простории, каде што секогаш се мисли ако се интерпретира литература посебно поезија дека мора некој тоа многу стручно да го образложи, тоа не мора. Она што е во село и што е значајно е тоа што на некој начин поезијата се враќа кон своето извориште, тоа го покажува и македонската народна поезија низ векови дека по селата по жетвите секаде се пеела таа песна односно се избирала есенцијата на еден народен јазик“– изјави Димоски.

Годинава манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Покрај поетскиот портрет на истакнатиот поет, ќе биде одржана и ликовна изложба, во старото училиште во Велестово каде ќе бидат изложени слики на архитектот и сликар Литов Намдагјанчивин од Монголија, македонски зет кој во моментов е почесен конзул на Монголија во Македонија.
На 15-ти август во Планинарскиот дом во Велестово ќе биде промовиран зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. На промоцијата ќе гостуваат автори од Бугарија, Црна Гора и Македонија.

„Оваа година голема чест ми е што сум дел од тимот кој ја презентира антологијата песни посветени на Велестово. Сите писатели кои биле во Велестово и напишале нешто за тоа преубаво село и како своевиден мост помеѓу Црна Гора и Македонија како член на Управниот одбор на Културниот Центар во Бар, на некој начин остваруваме соработка со фестивалот Поетска ноќ во Велестово, од проста причина што тоа се два фестивали кои функционираат слично. Еден еден од нашите слогани е „Можеби има поскапи и подобри фестивали но подругарски и потопол нема“, така е со Велестово“ – изјави поетот од Црна Гора Жељко Миловиќ.

Во рамките на оваа манифестација во изминатите 26 години било претставено творештвото на најпознатите македонски поети, сликари, критичари, меѓу кои Анте Поповски, Гане Тодоровски, Патре М. Андреевски, Матеја Матевски, Богомил Гузел, Радован Павловски, сѐ до претставници од помладата генерација, како Никола Маџиров и Владимир Мартиновски, а од сликарите Вангел Наумовски, Боро Митриќевски, Сергеј Андреевски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Славко Упевче и други.Манифестацијата е помогната од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид, Комерцијална Банка и други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top