Ознака: бројот

Кинези го купуваат Менхетн

Post Views: 0 За една година Кинезите потрошиле дури 22 милијарди долари на купување недвижнини на Менхетн, со што ги надминаа Русите. “Прво прашуваат за Централ парк. Повеќето од моите клиенти сакаат апартмани со поглед на Централ парк или да се во опкружувањето на Централ парк”, објаснува брокерот Даниел Чанг, кој често патува во Кина, каде се состанува со потенцијалните купци. Кинезите неодмана по бројот на купени недвижнини на Менхетн по прв пат ги надминаа Русите, а давањето на големи количини на пари на станови го доживуваат како добра инвестиција или сигурно живеалиште. Во...

Continue reading

gimnazija

СВР Охрид и образовните центри во борба против дрогата

Post Views: 1 Образовните центри од градов и охридската полиција  на фронт против дрогата и достапнпста до најмладата популација. Денес од охридската гимназија „Св Климент Охридски“ отпочна реализацијата на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, кој е продолжение на проектот „Дрога вистина и заблуди, кој СВР Охрид го спроведе во периодот од 2008 до 2012 година на подрачјето на општините кои ги покрива. „Овој проект денеска е всушност по барање на професорите бидејќи според она што досега го имавме како информација го имавме од реализација на проектот „Дрога-вистина...

Continue reading

ohrid

Во пораст бројот на легла во приватното сместување

Post Views: 4 На охридското крајбрежје во пораст се леглата за сместување кај приватните станоиздавачи од мал обем. Секторот  за туризам и локален економски развој минатата година издал нови решенија за категоризација на приватните станоиздавачи од мал обем, информира раководителот на овој сектор, Ѓоко Апостолов. Во 2013 година биле регистрирани 2.181 станоиздавач од мал обем со 12.089 регистрирани легла. За разлика од претходната година евидентирани се 149 нови регистрирани станоиздавачи, напоменува Апостолов. „Зборувам и потенцирам новорегистрирани сите кои регистрирале пред 2...

Continue reading

Град без невработени

Post Views: 0 Додека светот се бори со невработеноста, во Велика Британија постои град кој може да послужи како пример за другите. Станува збор за Uttoxeter, во Staffordshire, каде само 34 лица се на евиденцијата за невработени. Меѓутоа, со оглед на тоа дека за неколку дена се отвора нов супермаркет кој ќе вработи 180 лица, тоа значи дека веројатно и овие 34 ќе се вработат, пренесува DailyMail. Спрема статистичките податоци, во Велика Британија дури 1 милион лица нашле работа во текот на минатата година. Меѓутоа, никој нема статистика како Uttoxeter, кој во Велика Британије е познат...

Continue reading

Бројот на хоспиталзиирани лица во Охрид од Ковид 19 надмина 100

Post Views: 10 Семејни трагедии, колективно страдање, пандемијата не стивнува, напротив зема се поголем замав. Здравствените работници преморени и физички и психички. Една година на фронтот со најголемото зло на векот.Вирусот е непредвидлив во неколку часа се менува состојбата кај пациентите. „Ваква лоша клиничка слика не сме виделе . Имам долгогодишен , децениски стаж, последните години работевме и со болни со САРС, но вакво нешто не сме виделе. Толку лоша клиничка слика, битка за здив, за трошка кислород. Градна болка, тешко дишење, повеќето болни се на кислород, застрашувачки е....

Continue reading

emuc

Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат

Post Views: 0 Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а  претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите. „ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите. Но,...

Continue reading

crven krst

Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени

Post Views: 0 Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Ние правиме напори да им помогниме на семјставата...

Continue reading

ssm

Во синдикатот побројни вработените од јавните претпријатија

Post Views: 0 Претседателот на Сојузот  на синдикати на Македонија, Живко Митрески  во посета на охридскиот регионален синдикат. Првите синдикалци остварија средби  со синдикалните организации во неколку приватни и јавни претпријатија во градот. Со посетата ќе се анализараат   спроведувањето на Законот за минимална плата, степенот на синдикална организираност, а ќе се  утврдуваат и потребите за формирање на локален економски социјален совет, информира  Митрески. Законот за минимална плата почна да ги дава ефектите  и да се почитува освен во мал број приватни претпријатија, посочува...

Continue reading

centar za socijalni raboti

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Post Views: 8 Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....

Continue reading

Полицискиот час дава резултати, опаѓа бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид 19

Post Views: 8 Бројот на новодијагостицирани пациенти со ковид 19 е во опаѓање. Денес тој број е под 1000 инфицирани и очекуваме да се стабилизира состојбата во наредните денови, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Полицискиот час кој беше воведен пред една недела ги дава ефектите, но Комисијата за заразни болести ќе ги следи состојбите со овој бран на ковид 19. Нова проценка на состојбите ќе има следната недела и ако има потреба ќе се преземаат нови мерки.  „Дополнителни рестриктивни мерки како следен чекор би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување...

Continue reading

prvacinja

Започна новата школска година-најрадосни првачињата

Post Views: 1 Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година. На првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците...

Continue reading

deca

Младите се поретко се одлучуваат за многудетно семејство

Post Views: 9   Во Охрид наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта. Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува. Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство. Охриѓани имаат свое мислење и гледиште зошто ни се случува оваа негативна социолошка појава. „Економските услови,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top