Младите се поретко се одлучуваат за многудетно семејство

Младите се поретко се одлучуваат за многудетно семејство.

 |  Валентина Неловска  | 
deca
deca

 

Во Охрид наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта. Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува. Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство. Охриѓани имаат свое мислење и гледиште зошто ни се случува оваа негативна социолошка појава.

deca„Економските услови, неизвесниот социјален статус, необезбеденото станбено прашање, неможноста за вработување“, анкетираните охриѓани ги наведуваат како причини за ваквата ситуација.

Политичарите и црковните лица, од друга страна пак стануваат се погласни во јавното обраќање до младите луѓе да формираат многудетни семејства. При тоа забораваат дека можеби не станува збор за себичност на младите луѓе туку за страв од незивесносната иднината и големата стапка на невработеност во земјава.

Владата со цел да го сопре негативниот тренд со природниот прираст од почетокот на јануари 2009 година воведе измени, односно стимулативни мерки, популарно наречени „трето дете“. Финансиска помош од државата за трето дете семејствата добиваат по 8.250 денари, а за четврто дете исплаќаа по 11.550 денари, но овој надоместок е укинат. Во општина Охрид и Дебрца паричен надоместок по овие два основи добиваат околу 230 лица, бројка која е променлива, информираат кусо од општинскиот Центар за социјални грижи. Заради годишните одмори на административните службеници во центарот и неодговорените меил прашања упатени до портпаролот од ресороното министерство не успеавме да дознаеме каков ефект во меѓувреме дала владината мерка за сузбивање на „белата чума“ во нашата општина и колкава е стапката на пораст на трето дете во текот на изминатите 5 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top