Ознака: бројот

Еве зошто е посебна новата банкнота од 10 евра

Post Views: 6 Од денес е во оптек нова банкнота од 10 евра. На неа има неколку промени поради кои ќе биде многу тешко да се фалификува. Таа има поизразени релјефни линии кои можат да се почуствуваат со допир на прстот, предната страна има рефлектирачки делови, серискиот број е со смарагдно зелена боја, а ако се погледне од косо, се гледа светлечка линија во бројот која изгледа дека се движи, а целиот сериски број притоа ја менува бојата од смарагдно зелена во сина. Иако последните неколку години не е зголемен бројот на фалсификување на банкноти, Европската централна банка со воведувањето...

Continue reading

ftu

200 нови студенти на ФТУ

Post Views: 1 Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет. –Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година  и тоа за нас навистина е успех, вели  Сашо Коруноски-декан на ФТУ. Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки,...

Continue reading

kineski turisti

Кинезите полесно ќе доаѓаат на одмор во Македонија

Post Views: 2 Македонија ќе го олесни издавањето визи за групни патувања на кинески туристи во земјава за да ги привлече да дојдат и да ја посетат. Визите ќе се издаваат во македонскиот конзулат во Пекинг, на барање на кинеските туроператори, само со список на патници. Тоа го овозможува Меморандумот за разбирање за олеснување при групни патувања на кинески туристи во Македонија што вчера го потпишаа министерот за економија Фатмир Бесими и амбасадорот на Кина Донг Чунфенг. Со тоа Македонија стана дел од земјите со кои Кина има потпишано протокол за олеснување на издавањето визи...

Continue reading

vino sirenje

Бакрачески: Туристичкава сезона ќе биде подобра од минатата

Post Views: 6 „Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додаде дека ова ќе го потврдат обработените статистички податоци кои ќе ги имаат за месец и пол дена после продолжената летна сезона. Охрид не е било која туристичка дестинација во светот, нашиот град на едно место ги има културните, историските, природните, духовните вредности, кои се реткост за една туристичка дестинација и тоа сите треба да го ценат. „Јас сум човек кој што е познат по тоа што не манипулира со произволни...

Continue reading

школо

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Post Views: 1 Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот...

Continue reading

ohrid

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 5 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција. -Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка. -Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец. -Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Continue reading

“Убиецот” на iPhone се покажа како тотално промашување

Post Views: 5 Телефонот кој многу аналитичари го предвидуваа како најопасен конкурент на Apple и Samsung, доживеа прав дебакл –  не се продадени повеќе од 35.000 парчиња. Месеци наназад, пред да биде претставен од страна на Jef Bezos, првиот телефон на Amazon, по интернет кружеа гласини за потенцијалните можности на овој телефон, а некои аналитичари веруваа дека овој уред ќе го промени наголемо пазарот на паметни телефони. Така, некои гласини велеа дека FirePhone ќе биде бесплатен или многу ефтин, дека ќе има 3D интерфејс и слично. Но, кога беше претставен, од Amazon, во втората...

Continue reading

ftu

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

Post Views: 1   Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори...

Continue reading

Корона пандемијата го намали бројот на крводарители, а ја зголеми потребата од крв и крвна плазма

Post Views: 6 Пандемијата го намали бројот на крводарители во Охрид. Строгите протоколи не дозволуваат  организирање на  поголеми јавни собири за промовирање и унапредување  на крводарителството.  Црвениот крст организира редовни крводарителски акции согласно рестрикциите, а се бара начин за мотивирање на хуманите луѓе преку социјалните мрежи.   „Во моментов имаме намален број на крводарители  затоа е и аппелто за да одговориме на зголемените ппотреби во перидов0041 Редовните крводарителски акции ги одржуваме  без никаков проблем имајќи во редвид дека средните училишта немаме достаппност...

Continue reading

on the road

Како за 17 дена да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Post Views: 5 Маж од Милвоки ќе тргне на 17 дневно патување низ САД во надеж дека ќе се заљуби до уши. Овој 34 годишен маж договорил состаноци со непознати жени, а целото патување ќе биде документирано. Боб Мореј во текот на своето патување ќе ги посети Сент Луис, Канзас Сити, Далас, Санта Фе, Феникс, Лас Вегас и Лос Анџелес. Во овие градови ќе се сретне со жени кои веќе преходно ги запознал на интернет. На патувањето ќе го следи филмска екипа која ќе го документира целото негово искуство. “Обожавам авантури. Ако подолго време живеете на едно место се навикнувате на истите луѓе...

Continue reading

saem

Презентација на охридската туристичка понуда на Саемот за туризам во Белград

Post Views: 7 Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на  Меѓународниот саем за туризам, кој од  денеска до 2- ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа,  учествуваат претставници на голем број  познати охридски  хотелско- угостителски брендови и туристички агенции. На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола...

Continue reading

logo

Четврто место за УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид на „Шангајската листа“

Post Views: 0 УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај. Прворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“. Од Министерството за образование информираа дека листата е направена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top