• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Корона пандемијата го намали бројот на крводарители, а ја зголеми потребата од крв и крвна плазма

Корона пандемијата го намали бројот на крводарители, а ја зголеми потребата од крв и крвна плазма

Рестрикциите и протоколите не дозволуваат организирање на големи јавни собири, а затоа од Црвенит кст од Охрид апелираат на хуманст особено до младите луѓе , активно да се вклучат во крводарителските акции.

 |  Соња Рилковска  | 

Пандемијата го намали бројот на крводарители во Охрид. Строгите протоколи не дозволуваат  организирање на  поголеми јавни собири за промовирање и унапредување  на крводарителството.
 Црвениот крст организира редовни крводарителски акции согласно рестрикциите, а се бара начин за мотивирање на хуманите луѓе преку социјалните мрежи.
 

„Во моментов имаме намален број на крводарители  затоа е и аппелто за да одговориме на зголемените ппотреби во перидов0041 Редовните крводарителски акции ги одржуваме  без никаков проблем имајќи во редвид дека средните училишта немаме достаппност но ги користиме социјалните мрежи дека дарувањето крв е еден здрав начин на живот“, – Мимоза Ставрева, секретар на Црвен крст Охрид.

Зголемена е и потребата од крв и крвна плазма. Охридската болница и Црвен крст Охрид  апелираат  сите кои ја извојуваа битката со Ковид-19 да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот дарувајќи крвна плазма.

„Поради актуелната состојба и пандемијата нормално е потребите од крв и крвни продукти се зголемени и на апел од  службата од Трансфузиона медицина и Црвен крст како промотор на крводарителство  се вклучувае во апелот за да дговориме на зголемената потреба од крв во моментов и посебно на  крвна плазма“ , додава Ставрева.

Крводарители може да бидат лица од 18 до 65 години, во добра здравствена состојба. Охридското  хумано семејство  брои околу 1500 крводарители., а клучно е да се мотивират младите од средните училишта и  факултетите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top