Еве зошто е посебна новата банкнота од 10 евра

Новата банкнота содржи неколку промени

 |  инфодеск  | 

Од денес е во оптек нова банкнота од 10 евра. На неа има неколку промени поради кои ќе биде многу тешко да се фалификува. Таа има поизразени релјефни линии кои можат да се почуствуваат со допир на прстот, предната страна има рефлектирачки делови, серискиот број е со смарагдно зелена боја, а ако се погледне од косо, се гледа светлечка линија во бројот која изгледа дека се движи, а целиот сериски број притоа ја менува бојата од смарагдно зелена во сина.

Иако последните неколку години не е зголемен бројот на фалсификување на банкноти, Европската централна банка со воведувањето на нови банкноти сака да биде чекор пред фалсификаторите.

Европската централна банка наведува дека старите банкноти од 10 евра ќе бидат во оптек истовремено со новите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top