Во пораст бројот на легла во приватното сместување

Расте бројот на легла во приватното сместување.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid
ohrid

На охридското крајбрежје во пораст се леглата за сместување кај приватните станоиздавачи од мал обем. Секторот  за туризам и локален економски развој минатата година издал нови решенија за категоризација на приватните станоиздавачи од мал обем, информира раководителот на овој сектор, Ѓоко Апостолов.

Охрид Во 2013 година биле регистрирани 2.181 станоиздавач од мал обем со 12.089 регистрирани легла. За разлика од претходната година евидентирани се 149 нови регистрирани станоиздавачи, напоменува Апостолов.

„Зборувам и потенцирам новорегистрирани сите кои регистрирале пред 2 години по завршувањето на нивната регистрација повтоrно си го обновуваат решението за станоиздавање. Има 149 целосно нови капацитети кои нудат капацитети за сместување од мал обем. “
 
Со најновите законски измени казните за нелегалните станоиздавачи драстично  ќе се зголемат. Така од досегашните глоби во висина од 300 евра ќе се зголемат до  3000 евра, најавува Апостолов.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top