СВР Охрид и образовните центри во борба против дрогата

 „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“. Денес СВР Охрид започна со реализација на овој проект во охридската гимназија „Св.Климент Охридски“, пред наставниот кадар и психолошко- педагошките служби. Целта е да се намалат штетите од злоупотреба на разните видови опојни дроги и добивање прецизни информации за ова зло на денешницата, велат од СВР Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazija
гимназија

gimnazijaОбразовните центри од градов и охридската полиција  на фронт против дрогата и достапнпста до најмладата популација. Денес од охридската гимназија „Св Климент Охридски“ отпочна реализацијата на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, кој е продолжение на проектот „Дрога вистина и заблуди, кој СВР Охрид го спроведе во периодот од 2008 до 2012 година на подрачјето на општините кои ги покрива.

„Овој проект денеска е всушност по барање на професорите бидејќи според она што досега го имавме како информација го имавме од реализација на проектот „Дрога-вистина и заблуди“, професорите искажаа потреба да имаат информација плус за дрогата за начинот на користење, за различните видови дрога кои се присутни на нашето подрачје, како би можеле и тие понатака во своите активности со учениците да имаат одредени активности во насока на запознавање со негативните ефекти од злоупотребата на дрога“– нагласува Димовски.

gimnazijaВо Охрид најприсутна и најчесто користена дрога сеуште е марихуаната, нагласува Димовски. Според него светлата бројка на регистрирани наркозависници е 403, додека пак двојно поголема е темната бројка. Димоски категоричен дека превентивните проекти за дрогата и тоа како имаат свое влијание во намалување на бројот на наркозависници.  

„Всушност имаме еден континуитет во намалување на бројот на наркозависниците до 20 годишна возраст. Токму заради тоа нашите размислувања беа дека на најмладите уште од најмала возраст треба да им се всади кодот за негативизам кон ова зло и всушност младите треба да знаат дека никаков бенефит немаат од дрогата“-вели Димовски.

Предавањата за дрогата ги изведува обучен едукатор за ова област и планирано е  проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ да се реализира во сите образовни центри во општината.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top