Ознака: болницата

bolnica

Невропсихијатрија кубури со простор и кадри

Post Views: 2 ЈЗУ Општа болница Охрид денес излезе со официјален став во врска со обвинувањата на роднините на 44 годишната Билјана Туфеска дека истата пред два дена почина поради лекарска негрижа. Според директорот на болницата Љубен Арнаудов, тие досега не добиле преставка од блиските на починатата дека имаат некаква забелешка на работата на невро психијатриското одделение. Но сепак Арнаудов вели дека ја ангажирале Комисијата за внатрешна контрола на болницата за да го испита случајот и врз основа на тоа го заклучиле следново. „Технички се е уредно направено и нема пропуст. Пациентката...

Continue reading

memorandum

По 5000ден. за секое новородено охриѓанче

Post Views: 5 Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот. Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за обезбедување...

Continue reading

erazmo

До болницата Св Еразмо, без сигнализација по стариот пат

Post Views: 0 Стариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво...

Continue reading

donacija uvo grlo nos

Одделението за уво, грло и нос доби нова опрема

Post Views: 3 Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината. „Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после ординирана...

Continue reading

stari lica

Геријатриското одделение при општата болница во Охрид, претесно

Post Views: 30 Геријатриското одделение при општата болница во Охрид под итно треба да се прошири. Моментално во него е сместено 31 старо лице, а има потреба за стотина кревети, вели директорот на болницита, Д-р Љубен Арнаудов. Тој објаснува дека интересот за сместување на старите лица на ова одделение е голем па има долга листа на чекање. Многу често геријатрија им е единствената опција на луѓето во поодминати години на кои им е потребна болничка грижа и нега затоа менаџерскиот тим на болницата прави напори оваа зграда да се надгради за да се добие потребниот простор. Очекуваме помош...

Continue reading

mecka

Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Post Views: 10 Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата. Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот...

Continue reading

bolnica

Нова ера во развојот на охридската хирургијата

Post Views: 12   Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите. Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница...

Continue reading

болница

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 11 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска...

Continue reading

bolnica

На нервно во охридската болница се бара кревет повеќе

Post Views: 0 Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат  сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека  станува збор за најчест случај на пациенти со  мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и  Струга, укажува...

Continue reading

soobrakajka Ohrid

Две жртви во сообраќајна несреќа на излез од Охрид

Post Views: 11 Две лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца. Илинденскиот викенд заврши фатално за младите свршеници, кои вчера  си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко  од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода, а од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко, поради тешките  повреди   на патот за болница му подлегнала  и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт ...

Continue reading

радиологија

Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози

Post Views: 2 Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана  без специјалисти  рендгенолози.  Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска  томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се  најдат  излезни решенија за настанатата  ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да  се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно...

Continue reading

detska bolnica

Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Post Views: 1 Архивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи „Она што можам јас да го кажам како инспектор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top