Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Спасен охридскиот  ловџија нападнат од мечка.

 |  Валентина Неловска  | 
mecka
mecka

Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата.

meckaПроф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот бил донесен во многу тешка состојба со сериозни повреди на целата десна страна од лицето и главата. Д-р Мичуновиќ направил комплетна пластична хируршка рекострукција на носот, увото, окото, образот и главата на пациентот, по што постепено  здравствената состојба на повредениот ловџија се стабилизира.
Ловџијата воопшто не пукал во мечката и мечето, а  вчера тргнал на лов на диви свињи бидејќи почнал ловот за овој вид на дивеч.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top