Ознака: болницата

bolnica

На стружани им треба нова болница

Post Views: 14 На Струга и е потребна нова болница или реконструкција на постоечката. Во моментов оваа установа работи со полна пареа на сите одделенија.  Како што кажа првиот човек на болницата Ментор Ибраими чекаат влез во втора фаза од реализацијата на владината програма за реконструкција на здравствени објекти во државава. Нагласува дека потребно е да се прошират сите простории во постоечкиот објект. „Општа болница има потреба, сведоци сме последниве месеци дека имаме прилив на пациенти за лабараторија, дали е причина нашата прецизност во издавање резултати дали е причина што...

Continue reading

Неврохирурзите од болницата „Св. Еразмо“ започнаа со изведување на оперативни зафати со новата апаратура

Post Views: 1 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“- Охрид доби оперативен неврохируршки микроскоп со кој пред неколку денови беше изведена првата успешна операција на тумор на мозок. Со новата апаратура двајцата неврохирузи д-р Митре Милошески и д-р Мичо Мичуновиќ ќе изведуваат сложени оперативни зафати за кои претходно пациентите се препраќаа во Скопје. Првата успешна операција, која траеше околу три часа беше изведена врз 73-годишна пациентка на која и беше отстранет длабок мозочен тумор. Таа беше пациентка на 73-годишна возраст со длабок мозочен тумор,...

Continue reading

Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа

Post Views: 9 Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница Пирогов ги предаде пациентите на медицински екипи од Македонија. Другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој...

Continue reading

Филипче: Ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“

Post Views: 1 Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Тој оствари средба со раководството на оваа Установа, на која станало збор за фазата на изградба на новата реконструирана зграда во однос како ќе се продолжи понатака, за потребата на лекари и нивната едукација, за зголемување на услугите кои што во моментов се даваат, како и за воведување на нови услуги за пациентите. „За време на овој состанок ги разгледавме сите моменти кои што влијаат на продолжување на изградбата и разговаравме...

Continue reading

Локалната го исчисти насобраното ѓубре кај болницата

Post Views: 2 Локалната самоуправа денес иницираше акција за чистење на делот кај охридската болница.Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ утрово спроведоа акција за чистење на делот кај охридската болница. Овој дел од градот, подолг период наназад претставуваше непријатна слика, но и потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Continue reading

при крај се градежните работи во болницата „Св Еразмо“

Post Views: 9 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид веќе една година и пол се реновира и адаптира. Во моментов во завршна фаза се градежните активности, се носи опрема, а веќе во функција е ставен и дијагностичкиот центар, открива првиот човек на оваа установа д-р Митко Тилевски. „Овде профункционира компјутерскиот томограф, трислајсниот Сименсов, кој ни го обезбеди Министерството за здравство, исто така го имаме и новиот дигитален рентген апарат Минолта имаме и други апарати кои се веќе во функција, а пред се кои се во интерес за подобрување на дијагностиката...

Continue reading

Пренаменети средства од буџет за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо

Post Views: 2 Од општинскиот буџет ќе се пренаменат пари за уредување на градежно земјиште за периодот 2017 -2019 година. Со тие сртдва се планира да се уреди малиот плоштад на улицата Самоилова, а ќе се осветлува и болничкиот комплекс Св. Еразмо. Советниците од СДМС повторно реагираа на тоа што се носат проекти без писмен извештај. Не се согласуваат со пренасочување на 3 милиони денари за осветлување на болничкиот комплекс кој е проект на Владата и сметаат дека владата треба да го доврши со сопствени средства. За нив приоритет е парите да се употребат за инфраструктурно уредување...

Continue reading

Општина Охрид на болницата „Св Еразмо“ ќе и даде 3 милиони денари за партерно уредување

Post Views: 5 Општина Охрид од сопствениот буџет издвои 3 милиони денари за партерно уредување на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Тоа е надвор од програмските активности кои што се поврзани со буџетот, забележува координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски. Тој смета дека овој проект е на Владата и на ресорното министерство за здравство кои секојдневно се фалат дека инвестираат во здравството. На Стојаноски не му е јасно како може Владата од една задолжена општина како што е Охрид да дозволи да го помага тој проект. „Секоја одлука...

Continue reading

Течат реконструктивните зафати во болницата „Св Еразмо“ од Охрид

Post Views: 14 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид е во напредна фаза од својата реконструкција. Како што информираше директорот на оваа здравствена установа д-р Митко Тилев со градежните зафати се отпочнало на почетокот од оваа година и до април 2017 година треба да биде реконструиран целиот болнички комплекс, Со овој проект како што појасни Тилев ќе се реновира и адаптира постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид, но и делот каде што треба да се пресели Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“. „Во...

Continue reading

Подароци и позитивна енергија за дечињата во болницата „Св. Еразмо“

Post Views: 8   Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот. За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел. Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа...

Continue reading

Докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење

Post Views: 3 Некои од вработените во охридската Општа болница деновиве реагираа преку социјалните мрежи дека во болницата нема греење. На овие коментари се приклучија и некои пациенти кои биле на одделенијата во оваа здравствена установа потврдувајќи дека во болницата навистина е ладно. На некои одделенија пациентите си носеле кварцни печки од дома колку да замлачат малку во болничките соби.  Директорот на болницата Д-р Љубен Арнаудов објаснува дека тие се трудат во рамките на нивните можности да обезбедат греење во болницата потенцирајќи дека системот е стар и дотраен и дека често...

Continue reading

Реконструкцијата на болницата Св. Еразмо ќе заврши до 2022 год

Post Views: 2 Со кредит од Светска банка ќе започне ентериерното уредување на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид. По завршување на проектот во објектот ќе се пресели и Специјалната болница за кардиологија Свети Стефан. И кардиолозите и ортопедите ќе работат заеднички во комплексот Свети Еразмо, а во кардиолошкиот завод ќе остане Центарот за рехабилитација. Според министерот Филипче има просторен капацитет за спојување на двете болници. -Еден од последните наши разговори беше тој објект таму да остане како еден центар за рехабилитација со оглед на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top