• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Неврохирурзите од болницата „Св. Еразмо“ започнаа со изведување на оперативни зафати со новата апаратура

Неврохирурзите од болницата „Св. Еразмо“ започнаа со изведување на оперативни зафати со новата апаратура

Неврохирурзите во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ започнаа со изведување на сложени оперативни зафати со неврохируршки оперативен микроскоп. Пациентите нема да патуваат во Скопје, во странство или во приватните болници. Првата успешна операција, која траеше околу три часа беше изведена пред неколку дена врз 73-годишна пациентка на која и беше отстранет длабок мозочен тумор.

 |   | 

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“- Охрид доби оперативен неврохируршки микроскоп со кој пред неколку денови беше изведена првата успешна операција на тумор на мозок. Со новата апаратура двајцата неврохирузи д-р Митре Милошески и д-р Мичо Мичуновиќ ќе изведуваат сложени оперативни зафати за кои претходно пациентите се препраќаа во Скопје.

Првата успешна операција, која траеше околу три часа беше изведена врз 73-годишна пациентка на која и беше отстранет длабок мозочен тумор.

Таа беше пациентка на 73-годишна возраст со длабок мозочен тумор, кој притискаше и до мозочното стебло. Интервенција која што фактички без оперативен микроскоп во современо време не може да се изврши. Ние такви случаи досега ги праќавме во Скопје, одеа во странство, одеа по приватните болници. Но сега во нашиот крај и пошироко такви интервенции ќе се изведуваат без проблем во нашата болница. Сега неврохирургијата е напредна и фактички без таков микроскоп не може да се замислат вака сложени оперативни зафати особено на мозокот, на периферните нерви, на вратна кичма – вели д-р Митре Милошески, специјалист неврохируг.

При изведбата на првата операција со неврохируршкиот миксроскоп покрај неврохирурзите од Охрид, присуствуваше и поранешниот министер Венко Филипче. Тој им даде насоки на колегите како да го користат новиот апарат.

Нашето искуство со апаратот ни отвора подлога за понатака да продолжиме со употребата на неврохирушкиот микроскоп и за други интервенции. Ќе го користиме за лумбални дискусхернии, вратни дискусхернии и за тумори на главата. Неврохирушкиот микроскоп што го добивме од Скопје старо-нов, ни помага мене и на д-р Милошески да ги изведуваме неврохирушките интервенции посигурно во однос на претходно кога ги правевме класично макроскопски и очекуваме подобрување во нашиот квалитет на негата кон пациентите – вели д-р Мичо Мичуновиќ, специјалист неврохирург.

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион. Само лани во време на пандемија беа извршени стотина неврохируршки оперативни зафати. Моментално десетина пациенти се на листа на чекање за изведување на сложена операција со новиот оперативен неврохируршки микроскоп, кој е донација од Клиниката за Неврохругија Скопје

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top