Подароци и позитивна енергија за дечињата во болницата „Св. Еразмо“

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот.

 |   | 

За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел.

Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа помогнаа и  ученичките од ОМУ „Методи Патче“ кои со својот настап внесоа позитивна енергија и измамија насмевки на овој детски оддел. Дениците и малите музичари на дечињата им посакаа добро здравје и среќа во новата 2016 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top