Нова ера во развојот на охридската хирургијата

Во Општата болница денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bolnica
болница

 

Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите.

Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница од денеска ваквиот третман на лапароскопски методи ќе се најде на редовниот програм, изјави доктор Василевски. Нашиот план е да доаѓаат професори од повеќе области, додаде тој.

Василевски потенцираше дека Општата болница во Охрид располага со модерна софистицирана опрема и со современи простории, но сеуште треба да се поработи на проблемот со недостиг на стручен кадар. Тој додаде дека работите тргнале на подобро бидејќи оваа година биле примени 20 доктори и веќе сите биле испратени на  специјализација. Василевски кажа дека кадарот се екипира и дека од следниот месец ќе започне и интервентната гастроскопија.болница

И Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој ја следеше лапароскопската интервенција изрази задоволство од новините во болницата и рече дека од денеска започнува нова ера во развојот на хирургијата.

Освен во абдоминалната хирургија, во иднина овие лапароскопски односно ендоскопски методи ќе бидат проширени и во другите делови на хирургијата. Тоа дава можност популацијата која конвергира кон оваа болница да добива квалитени процедури кои се минимално инвазивни или народно кажано без правење големи резови. Со помош на лапароскоп ќе се изведува комплетната палета на услуги кои ги дава локалната хирургија, најави градоначалникот Бакрачески.

И градоначалникот и претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски рекоа дека охридската болница за брзо време ќе прерасне во современ регионален здравствен центар каде ќе се изведуват речиси сите зафати па граѓаните не ќе мора да патуват надвор за одредени здравствени услуги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top