По 5000ден. за секое новородено охриѓанче

Општина Охрид и Општата болница од Охрид потпишаа меморандум за соработка. На сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов општината ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден.

 |  Јаковлева Лионела  | 
memorandum
меморандум

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот.меморандум

Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за обезбедување сигурна иднина на една нација, рече градоначалникот.

Во иднина оваа парична помош доколку има можност ќе се зголеми, вели градоначалникот. Обврска на болницата ќе биде секој месец од први до десетти да доставои список до општината на новородени деца и податоци за нивните родители, а службите во локалната имаат обврска да ја испратат оваа парична помош, објаснува Бакрачески.

Директорот на Општата болница, Д-р Љубен Арнаудов ја поздрави оваа иницијатива и рече дека средствата ќе им бидат од големо значење на новите родители.

Ова е прв пат болницата да оствари соработка со локалната. Се надевам дека тоа и понатаму ќе продолжи, рече Арнаудов.

Бакрачески рече дека и во иднина Локалната ќе се приклучи на секоја иницијатива за подршка и развој на болниците во градов иако не се под нивна ингеренција бидејќи тоа е за општо добро на граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top