Геријатриското одделение при општата болница во Охрид, претесно

Менаџерскиот тим на болницата прави напори геријатрија  да се надгради за да се добие потребниот простор. Директорот на болницата очекува помош и подршка од Министерството за здравство, но и од Локалната.

 |  Јаковлева Лионела  | 
stari lica
стари лица

Геријатриското одделение при општата болница во Охрид под итно треба да се прошири. Моментално во него е сместено 31 старо лице, а има потреба за стотина кревети, вели директорот на болницита, Д-р Љубен Арнаудов. Тој објаснува дека интересот за сместување на старите лица на ова одделение е голем па има долга листа на чекање. Многу често геријатрија им е единствената опција на луѓето во поодминати години на кои им е потребна болничка грижа и нега затоа менаџерскиот тим на болницата прави напори оваа зграда да се надгради за да се добие потребниот простор.bolnica

Очекуваме помош и подршка од Министерството за здравство, но и од Локалната бидејќи ова е голем проблем на градот. Секојдневно се соочуваме со молби за да згрижиме некое лице, а ние немаме можност за тоа. Моментално во соба се и по шест пациенти, вели директорот.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се согласува со оваа констатација и вели дека Локалната е подготвена да помогне. Тој додава дека иако директни ингеренции врз здравствените установи општината нема сепак и таа е должна да се погрижи во оној дел во кој што може.

Ние стоиме на располагање за секоја иницијатива која е од интерес на општината. Во оној дел каде имаме ингеренции ќе помогниме. Најбрзо што може ќе ја изработиме планската документација, изјави градоначалникот.

Инаку, дел од проблемот со немање простор за згрижување на старите лица би се решил доколку во градов би се изградил долго најавуваниот  дом за стари лица. Ова беше дел од програмите на повеќе кандидати на градоначалници. Се посочуваа дури и локациите каде истиот би се градел како на пр. кај стадионот кај Грашница, а како можна опција беше спомнувана и зградата на некогашната детска болница. Но сето ова остана само како предизборно ветување. По се изгледа уште долго време геријатриското одделение ќе биде единствената опција за згрижување на стари лица иако овој вид на сместување се разликува од оној во домовите бидејќи се работи за полуболничко и полудомаќинско згрижување.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top