Ознака: бизнис

nikola bakrceski

Советот на градски татковци бара решенија за екононмски развој на Охрид

Post Views: 3 Денес се состана Советот на градски татковци. На работната средба ги разгледуваа развојните планови од економски и туристички апсект на градот. Локалниот економски совет на чело со градоначалникот Никола Бакарчески  ќе разгледуваат повеќе точки важни за развојот на градот меѓу кои и за авто кампот Андон Дуков. Тема на состанокот беше и изградбата на индустриската развојна зона на Мауцкер. Градоначалникот  од советот на градските татковци во интерес на градот побара  нивен личен придонес  за изградба на долго очекуваниот пензионерскиот дом.„ Ќе има информации од локалната...

Continue reading

logo

Можност за закуп на тезги на Градскиот пазар во Охрид

Post Views: 4 ЈП „Градски Пазар –Охрид“, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации. Сите заинтересирани ќе можат да закупат тезги за продажба на:-земјоделски производи-занаетчиски производи-текстилни производи-бижутерија Заiteresiranite подетални информации можат да добијат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ на Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600. {loadposition content9}

Continue reading

codefest

Второ издание на Codefest, Celebrating Code

Post Views: 1 И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот...

Continue reading

plostad

Нова година ќе се дочека со трубачите од оркестарот Агушеви

Post Views: 8 Нова година ќе се дочека со звуците на  трубачите од оркестарот Агушеви. Покрај нив, охриѓани и гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски и дувачкиот оркестар Агушеви. По долго нагаѓање околу настапот за новогодишната ноќ сепак се избрани  домашни музички имиња. Нивниот настап за гостување  на најлудата ноќ е според финансиските можности на општината, вели раководителот на Тлер, Ѓоко Апостолов . „ Со оглед на финансиската состојба која  ја имаме во моментов во Локалната самоуправа успеавме да ги организираме...

Continue reading

slovenci

Словенија заинтересирана за инвестиции во туризмот

Post Views: 1 Словенците најзаинтересирани за инвестиции во туризмот. Денес словенечкиот амбасадор Бранко Раковец оствари работна средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Пред делегацијата на Р. Словенија беа презентирани можностите и капацитетите на општина Охрид за развој на економијата и реализација на потенцијални инвестиции. Градоначалникот Бакрачески изјави дека туризмот е она што Охрид може да го понуди на словенците како економска гранка во која ќе најдат интерес за инвестирање. „Добивме податоци од регионалната стопанска комора дека бројот на словенски туристи кои престојуваат...

Continue reading

pretpriemaci

Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Post Views: 1 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...

Continue reading

Mедијаторството бавно се прифаќа од граѓаните и бизнис заедницата

Post Views: 6 Медијаторството како алтернативен начин на мирно решавање на споровите е непознаница за граѓаните и бизнис заедницата. Законот за медијација се применува од 2006 година и кај нас споро се прифаќаат неговите бенефити и сме сеуште далеку зад Еврпските земји во примената на медијацијата, вели д-р Јелисавета Георгиева Јовеска, лиценциран медијатор и потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Напредок во оваа област има во последните 5 години по Законските измени во 2016 година кога се додава членот за задолжителен обид за медијација на спорови до 1 милион денари....

Continue reading

fakultet informaticki tehnilogii

Како да ги задржиме образованите кадри во Македонија?

Post Views: 0 Се поголем број на студенти веднаш по завршувањето на студиите планираат да ја напуштат Македонија со недеж дека ќе имаат поголеми шанси за вработување и подобри услови за живот некаде надвор. Ваквиот одлив на мозоци во прилог им оди на земјите од Европската унија кои ги отвораат своите врати за образовани луѓе од одредени профили, како медицински работници, информатичари, инжињери.  „Основата политика која ја изгради европската унија, по последната финансиска криза во 2008 – 2009 год., беше да ги отвори вратите за сите талентирани и образовани млади луѓе“, истакна проф....

Continue reading

tribina

Пропадна проектот за „Бизнис Трговска Зона“ во Струга

Post Views: 6 Граѓаните велат ова е уште едно празно ветување на актуелниот градоначалник. Современата „Бизнис Зона“ само празно ветување. Идеата стара 3 години која градоначалиникот Рамиз Мерко постојано ја промовираше во јавноста остана не реализирана. Со проектот се предвидуваше десната страна на  кејот на Дрим да биде уредена на современ начин, со средени паркови, осветлени улици и трендовски клупи за седење.Тогаш граѓаните ја прифатија идеата и се согласија да го подржат проектот, но денес речиси и да не се сеќаваат на овие како што велат празни и лажни ветувања на градоначалникот....

Continue reading

bakraceski i konjanoska

Делегација на Oпштина Охрид во посета на збратимениот град Јалова, Република Турција

Post Views: 1 Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал. На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено бањскиот туризам. Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис секторите од овие два града. Градоначалникот...

Continue reading

Што би направил Waren Buffett да има 23 години

Post Views: 0 Илјадници инвеститори му се восхитуваат и го впиваат секој негов збор. Новинарот на Business Insider запишал неколку одговори на Buffett на една конференција, а помеѓу другото и одговорот на прашањето што би направил ако има повторно 23 години. Новинарот го објавил транскриптот на разговорот помеѓу 23 годишно момче од New Jersey кое било во публиката и Buffett. Момчето го прашало Buffett за совет околу претприемништвото. “Млад сум и не ја познавам технологијата ниту знам да градам роботи. Да имате 23 години, во која не-технолошка индустрија би започнале бизнис?”,прашало...

Continue reading

6-ka ekonomsko

Учениците спремни не само за виртуелен туку и реален бизнис

Post Views: 10 Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании.  На инвентивен начин ги покажаа своите бизнис идеи од областа на претримништвото. Досегашното стекнато знаење , но и надградбата со помош на професорите ментори им влеваат храброст дека успехот понатака  нема да биде само виртуелен туку и реален. „ Со самото избирање на економското училиште ние сме подготвени во иднина не само виртуелно туку и реално да отвориме наши компании“, нагласуваат учениците кои учествуваа со штандови на саемското преставување.Саемот на виртуелни компании...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top