Нова година ќе се дочека со трубачите од оркестарот Агушеви

Нова година ќе се дочека со трубачите од оркестарот Агушеви.

 |  Валентина Неловска  | 
plostad
plostad

Нова година ќе се дочека со звуците на  трубачите од оркестарот Агушеви. Покрај нив, охриѓани и гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски и дувачкиот оркестар Агушеви. По долго нагаѓање околу настапот за новогодишната ноќ сепак се избрани  домашни музички имиња. Нивниот настап за гостување  на најлудата ноќ е според финансиските можности на општината, вели раководителот на Тлер, Ѓоко Апостолов .

„ Со оглед на финансиската состојба која  ја имаме во моментов во Локалната самоуправа успеавме да ги организираме сите настани почнувајќи од украсувањето на градот, лизгалиштето за смешна сума за околу 15.000 евра. Тоа е сума апстрактна за да се размислува дека може да се органзиараат овие настани. Но, со сите претходни контакти со бизнис партнериte и другиte инстиуции вродија со плод.“   
plostad
Имињата на музичките ѕвезди се соопштуваат на само 10 дена пред најлудата ноќ. Градоначалникот Никола Бакарачески  тоа го образложува како резултат на организирање на досега најобемната програма која било кога била организирана во Охрид за празничниот период.  Во иднина со стабилизирање на финансиите порано ќе се договараат настапи  на позвучни имиња од музичката естрада.

„ Секако дека во наредните години ќе имаме можност да ги решиме проблемите кои ги имаме и да организираме  новогодишен дочек со позвучни имиња и со поголеми финансиски средства. Ние ги ангажиравме сите ресурси. Бизнис пријатели од бизнис заедницата кои сакаат да му  помогнат на Охрид на што подобар начин да ги одбележиме празниците, но со што помал издаток“.

 За весела и добра забава во предновогодишниот период  ќе се погрижат учениците од сите општински основни и средни училишта. Настапи ќе имаат повеќе  културно уметнички друштва од градов, народниот театар и децата од градинката „Јасна Ристеска“. Предпразничната програма  стартува од 22 декември и ќе трае до 30 декември. Од Локалната самоуправа најавуваат весела и забавна атмосфера и по дочекот на Новата година за останатите празнични денови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top